• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Охриѓани и по осум месеци немаат добиено обештетување за штетите од земјотресите, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ

Охриѓани и по осум месеци немаат добиено обештетување за штетите од земјотресите, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ

Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ денес одржа прс конференција на која потсети дека охриѓани и осум месеци по земјотресите немаат добиено обештетување. ВМРО-ДПМНЕ бара од СДСМ да покаже совест и грижа за граѓаните и паричните средства во најкус можен рок да им бидат исплатени. 

 |  Јаковлева Лионела  | 

Охриѓани и по осум месеци немаат добиено обештетување за штетите од земјотресите, обвинуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ. Додаваат дека околу 870 семејства чекаат финансиска помош од државата за да ги санираат штетите во домовите. 15 од нив немаат ни каде да живеат поради тоа што земјотресот од 3 јули им направил оштетувања од дури петти степен, истакнаа на денешната прес конференција.

Владата и Локалната самоуправа предводени од СДС треба да се изјаснат зошто с`е уште нема одговор и покрај тоа што претходната Општинска комисија за проценка на штети, изготвила елаборатот и истиот бил доставен до Владината комисија уште на 30 август, вели Кирил Пецаков-претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ

Од општинската ВМРО ДПМНЕ прашуваат зошто кoмисијaтa е рaзрешенa и зошто не е постапено по бaрaњетo. Велат свесно ли се прави тоа за да трае тоа долго се дo пoвтoрнo именувaње нa нов сoстaв нa кoмисијaта.

Се покажува вистинското лице на СДС и пратениците од Охрид, Томислав Тунтев и Жаклина Лазаревска кои што пак претходно не го прифатија интервентниот амандман од 2 милиона евра со цел за располагање на граѓаните коишто претрпеа штети, вели Пецаков.

ВМРО-ДПМНЕ бара од СДС да покаже совест и грижа за граѓаните и паричните средства во најкус можен рок да бидат исплатени.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top