Задолжителна вакцинација за патување во Азија и Африка

Граѓаните кои сакаат да патуваат во азиските и африканските земји задолжително мора да се вакцинираат против маларија, хепатит Б, против тифус и против хепатит А. Најголемиот дел од нив можат да се примат во ЦЗЈЗ во Охрид, а за оние кои ги нема граѓаните се упатуваат во Скопје. Од центарот велат дека имаат добра соработка со туристичките агенции од градов кои ги испраќаат своите патници на имунизација.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Нема патување во одредени азиски и африкански држави,  доколку граѓаните не се заштитат од заразните заболувања кои таму се присутни. Охридските туристички агенции имаат добра соработка со охридскиот ЦЗЈЗ и постојано се интересираат кои вакцини треба да ги примат нивните патници кои посетуваат некои поегзотични земји. Со ЦЗЈЗ соработуваат и градежните фирми, кои посебно во летниот период испраќаат работници на работа во странство.

Бараат совети и добиваат совети. Посебно оние кои патуваат во странство прашуваат како треба да се заштитат и како можат да бидат вакцинирани и кои вакцини треба да ги примат за да не се доведат во ситуација да се заразат од некое заразно заболување кое одамна го немало во нашата држава, вели епидемиологот Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска.

Задолжителни вакцини кои мора да ги примат сите граѓани кои сакаат да патуваат во земјите со ризик се оние против маларија, хепатит Б, против тифус, хепатит А. Најголемиот дел од нив можат да се прмат во ЦЗЈЗ во Охрид.

Тие вакцини редовно ги имаме, со исклучок на вакцината против жолта треска бидејќи има мал интерес за примање на оваа вакцина, па затоа тие граѓани ги упатуваме во ЦЗЈЗ во Скопје, вели Д-р Коровешоска.

Д-р Коровешоска кажува дека ЦЗЈЗ во последно време многу посветува внимание на олеснување и подобрување на контактите со граѓаните кои сакаат да се информираат за се што е предмет на работа на оваа јавна установа. Тоа можат да го направат телефонски, лично или преку имејл, а службите се 12 часа достапни за се она што им треба.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top