Во пожар што завчера избувна во куќа на Ристо Чадо, целосно изгоре приземјето на Роберт Николовски. Засега не е позната причината за пожарот, кој направи голема материјална штета и не му остави ништо на нашиот сограѓанин.
Изгоре куќа во населба Видобишта, Охрид. Пламените јазици за миг ми одзедоа се, цела покуќнина, облека, документи, низ солзи раскажува сопственикот на куќата нашиот сограѓанин Роберт Николоски. Тој до пред еден ден живеел сам во оваа куќа која што му ја оставиле неговите покојни родители.
„Се враќав од чаршија, имав некои работи да ги завршам и кога влегов дома вратата беше како подотворена, видов чад. Се зачудив…што е работата си реков нешто се случува. Кога влегов внатре во собата забелжав чад и оган. Незнаев што да правам, ме фати трема…., паника…се обидов да дејствувам, но не можев почнав да се гушам, и пламенот ми зафати дел од лицето. Кога видив дека не можам ништо излегов надвор и повикав пожарна“
Материјалната состојба на Роберт е лоша. Тој работи како болничар во Општа Болница Охрид и живее со минимални примања. Тој упати апел до сите хумани граѓани да помогнат, бидејќи секаков вид на помош му е добредојдена. Роберт преноќува кај негови пријатели и чека институциите да му помогнат. Во текот на вчерашниот ден екипа на Црвениот Крст била во посета на нашиот сограѓанин чија што куќа изгоре во пожар.
„Ние го помогнавме еднократно со храна, облека, постелнина. Откако ќе се расчисти домот и се увиди штетата, што е потребно, ние ќе донираме по нешто од покуќнина, мебел, апарати итн.01:28+01:38 Во секој случај ние би помогнале не само материјално туку и со човечки ресурси, откако ќе се направи увид од надлежните“
Се очекува помош и од Локалната самоуправа. Првиот човек на градот Јован Стојаноски истакна дека ќе помогнат со цел нашиот сограѓанин да може да се врати во нормален живот.
„Тоа е должност на локалната самоуправа да му помогнеме на граѓаните и секогаш што е добро и пред мене градоначалниците помагале а тоа е и моја должност исто така
Причината за пожарот кој се случи на 10 јануар во 23 часот и 45 минути сеуште не е утврдена. Брзата интервенција на пртотивпожарната единица од Охрид пожарот го лолализирала во 00 часот а во 1 часот на полноќ на 11 јануар пожарот бил целосно ликвидиран. Единствена добра околност е тоа што сопственикот веднаш ги извадил осигурувачите со што е избегната и поголема катастрофа. Сите хумани граѓани кои сакаат да му помогнат на било кој начин на Роберт можат да се јават на неговиот тел. 075 937 086.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град