Проектот за изградба на паркиралиште за пловните објекти, марина, сеуште само на хартија. Реализацијата на овој проект закочи поради скапата инвестиција и изборот на најсоодветна локација.
Години наназад се дискутира дека во главниот туристички центар неопходна е изградба на марина. Моменталното паркиралиште на пловните објекти е каналот Студенчишта, каде се вкотвени пловила кои никогаш и не запловиле во Охридското Езеро. Капетанот на Капетанија на пристаништата на РМ, Горан Устијаноски, има своја визија што треба да се направи за градот конечно да добие современа марина онака како што доликува на Балканскиот Ерусалим.
„Марина треба да има. Треба да се изградат краците на охридското пристаниште, тоа е една од сугестиите и нормално прилагодување на дел од каналот Студенчишта кој што треба да служи за марина со ископување на џебови од неговата лева страна зад армијата. Тое е едно многу ефтино и прагматично решение кое што ќе ги задоволи нашите потреби во моментот надвор од соништа и фантазии“
Устијаноски вели дека до ресорното министерство за транспорт и врски се обидувале да ги наметнат овие реални аргументи со цел да се дефинира соодветната локација, посочувајќи дека марината мора да биде соодветно инфраструктурно опремена. Досега се разгледуваа неколку локации, кај реката Грашница, малото пристаниште и влезот на каналот Студенчишта.
„Потребата од марина е несомнена. Се размислува на таа тема и сметаме дека марината ако продолжиме да ја цртаме само на хартија, да правиме работи кои што се тешко остварливи пред се од финансиски аспект, од технички и. т.н нема да дојдеме до марина, ако газиме по земја и одиме реално ќе добиеме марина која првенствено технички и естетски треба да биде издржана.
Реализација на проектот за изградба на марина најмногу се одложуваше поради финансискиот аспект. Устијаноски со точност не можеше да прецизира кога би можело да се очекува отпочнување на постапка за изградба на марина, но верува дека тоа ќе биде набрзо.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град