После 5 и пол години, вработените на МЈП Проаква ќе имаат здравствено осигурување. Ова е само една од главните заложби на првиот човек на МЈП „Проаква“, Владимир Алексиоски, после седнувањето на директорската фотелја.
Редовна плата и придонеси за МЈП Проаква е главен приоритет за 2018 на директорот на ова претпријатие Владимир Алексиоски. Директорот вели дека жалосно е што неколку години имиџот на претпријатието е под потребното ниво. Алексиоски ветува дека со добро менаџирање претпријатието ќе го донесе на здрави нозе а проблемите со кои се соочува претприајтието еднаш засекогаш ќе заминат во историјата.
„Жалосно е кога ќе се каже дека вработени сме во Водовод а немаме плата. Првиот приоритет со самото добивање на функција е да успееме да ги стигниме заостанатите плати, односно да успееме и ние како сите вработени во државава да имаме здравствено осигурување“
Со домаќинско работење и прифаќање на секој вработен дека фирмата е негова може да се постигне многу, вели Алексиоски.
„Само така би имало успех и никако поинаку. Заангажирани се сите вработени во МЈП Проаква, ќе гладаме секогаш да сме сервис на граѓаните а од друга страна ќе настојвуаме сите заостанати долгови кои ги имаат спрема нас да ги сервисираме да ги обезбедиме а нормално со тоа и ние да платиме каде што должиме“
Директорот Алексиоски свесен е дека стапил на одговорна функција на претпријатие кое е во големи долгови и со многу проблеми, но е оптимист дека дел по дел, чекор по чекор состојбата во претпријатието ќе се нормализира.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град