Од следната година фиксен месечен надоместок од 70 денари за сите корисници на вода

Од следната година фиксен месечен надоместок од 70 денари за сите корисници на вода. Ова не значи покачување на цената на водата туку надоместок кој ќе го плаќаат сите физички лица без разлика дали се редовни, викенд станови или неактивни броила. Советниците на денешната седница дадоа согласност за утврдување на тарифи за вода на МЈП „Проаква“ .

 |  Јаковлева Лионела  | 

Охриѓани од јануари ќе треба за секој месец да издвојуваат уште по седумдесет денари од својот буџет како дополнителен фиксен надоместок на сметката за вода. Оваа одлука е согласно законот за утврдување цени на водни услуги и согласно решение на Регулаторната комисија за енергетика и не значи покачување на цената на водата туку надоместок кој сите граѓани ќе го плаќаат.
Моравме на управниот одбор на претпријатието да донесеме одлука за утврдување на тарифи за водни услуги, согласно решението на регулаторна се воведува фиксен надоместок за сите корисници во Општина Охрид, вели Владимир Алексиески директорот на МЈП „Проаква“.
После нова година ќе има сосема мала корекција на цената на водата која била утврдена уште во 2001 година. Од досегашните 25,50 денари, сега ќе се плаќа 25,52 денари за метар кубен потрошена вода.
Од 2001 до сега материјалите кои ние ги користиме се многу посклапени, а кај на с немаше корекција на цената на водата. Ова е сосема мало и незначително покачување. Паушал нема да има тоа го тврдам одговорно, вели Алексиески
Надоместокот кој ќе се плаќа после нова година важи за сите физички лица без разлика дали се редовни, викенд станови или неактивни броила.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top