Успешна година за Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца

Успешна година за Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца. Здружението денес ја одржа последната седница на собранието на која беше усвоена и програмата за работа на ЗП за 2018, а беше донесен и финансискиот план за нареднава година. 

 |  Јаковлева Лионела  | 

Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца денес ја одржа последната седница на собранието на здружението. На неа се дискутираше на повеќе точки меѓу кои беше усвоена и програмата за работа на ЗП за 2018, а беше донесен и финансискиот план за нареднава година. Претседателот на собранието, Димитар Спасески вели дека годинава што е на изминување може да се каже дека за здружението поминала доста успешно.

Генерално ги реализиравме планот и програмата за 2017та год. Од материјално и финансово раборење90% се исполнети планираните активности така да можеме да бидеме задоволни како помина оваа година, вели Спасески.

Охридските пензионери како најголем проблем и како приоритет за наредната година им е изградбата нa дом за стари лица. Спасески кажува дека веќе години наназад им се ветува изградба на домот, но овој капитален проект никако да се реализира, а потребата од згрижување на старите лица во ваков дом станува се поголема бидејќи бројот на пензионери расте и сега достигнува до 10 000 пензионери.

Разговарано е и на ниво на сојузот на пензионери на РМ, но досега не се најде решение. Проблеми имаше околу локацијата, финансирањето па кој ќе го гради. Па се надеваме дека во 2018та год овој горлив проблем ќе биде решен, вели Спасески.

Спасески се надева дека со новата локална власт здружението на пензионери ќе има подобра соработка од таа со претходната и дека проектите кои се од големо значење на популацијата од трето доба ќе бидат реализирани со поддршка на општината. Во новата година посакуваат добро здравје за сите пензионери и подобра здравствена заштита.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top