Не сакаме предавател во наше маало!

Протести во Лескоец поради изградба на базна станица за мобилна телефонија на кров на приватна куќа.

 

 

 |  Татјана Маленкова  | 
antena
антена

Протести во Лескоец поради изградба на базна станица за мобилна телефонија на кров на приватна куќа.

Граѓаните по трет пат покажуваат единство и велат дека ќе направат се антената да не се постави.  Од Локалната самоуправа појаснуваат – документацијата за градба ја издало Министрството за транспорт и врски.

Жителите на Лескоец денеска протестираа. Тие неколку часови го стопираа сообраќајот на улицата „Тоде Лупески“, искажувајќи го со тоа револтот поради поставувањето на антена од мобилен оператор на кровот од  куќата на еден нивни сограѓанин. Лесковчани, по однос на ова прашање, по трет пат покажуваат единство и велат ќе направат се антената да не се постави.  

По неколкучасовниот протест, револтираните граѓани спас побараа од Локалната самоуправа. Секратарот на Локалната самоуправа, Димтрија Вревезовски, најпрво дојде на лице место и се запозна со новонастанатата ситуација, а подоцна и на средба со дел од жителите се обиде да им објасни кој издал решение за градба и на кој начин. Танас Танаскоски пак, раководител на општинскиот инспекторат се обиде да ги смири граѓаните презентирајки им факти дека антената која треба да се постави не е опасна по здравјето на жителите. И покрај напорите на локалците да ги смират жителите, тие сепак не попуштаат во нивниот став – антена во Лескоец да не се поставува.

protestСпоред законот, во фазата на донесување на решение за локациски услови, операторот кој сака да ја постави антената треба да ги извести и жителите во околината на местото каде ќе се поставува базаната станица. Спротивно на ова, првите соседи на објектот каде треба да се поставува спорната антена тврдат дека никој не ги информирал за ништо.

Тихомир Дурневски од Секторот за урбанизам при општина Охрид, не информира дека документацијата за поставување на базна станица за мобилна телефонија на кров на индивидуална куќа се доставила до Министерството за транспорт и врски, по што истото издало решение за локациски услови. Од Секторот за урбанизам уште не информираа дека решението за градба е издадено во согласност со Агенцијата за цивилно воздухопловство и со одобрение од Министервото за животна средина. Со измените на правната легислатива, телекомуникациската опрема е префрлена од втора во трета категорија, а со тоа надлежнста и припаѓа на Локалната самоуправа.

 

Инаку, за овој случај одобрението за градба било издадено пред јули 2008 год, поточно пред да бидат префрлени ингеренциите на Локалната самоуправа. 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top