Именувани новите членови на надзорни и управни одбори во охридските претпријатија

Намален бројот на членовите во управните и надзорните одбори на охридските ЈП. Тоа е со цел да се намалат трошоците за исплаќање на паушали, појаснува координаторот на советничката група на СДСМ, Константин Георгиевски. Денес се одржа четвртата седница на Совет на која беа именувани новите членови на управните и надзорните органи на ЈП во градов. Опозицијата ја бојкотираше седницата.

 |  Николоска Биљана  | 

На денешната четврта седница на Советот на општина Охрид беа разрешени старите, а именувани беа нови членови на управните и надзорни одбори на јавните претпријатија во Охрид. Мандаот на новите членови е шест месеци, а има редукција, наместо како што беше досегашната практика составот на управните и надзорните одбори да го сочинуваат 7 членови овој пат се избраа по 5. Координаторот на советничката група на СДСМ Константин Георгиевски појаснува дека причина за тоа е економскиот аспект, односно дека со тоа сакаат да ги намалат трошоците на Јавните претпријатија по основ исплата на паушали.

„На сите избрани членови на управните одбори има посакувам успешна работа и апелирам до нив да се редовни на седниците да носат правилни, мудри и издржани одлуки ако работата на Јавните претпријатија би била што попродуктивна и плодна“.

Советниците од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, како што најавија денеска ја бојкотираа седницата на Совет во знак на револт поради притворањето на осомничените за собраниските настани од 27 април, меѓу кои се и двајцата охридски пратеници. Георгиевски изрази жалење поради тоа што нивните опозициони партнери веднаш по донесувањето на дневниот ред ја напуштиле седницата и смета дека сепак во иднина кај нив ќе надвладее разумот и ќе се вратат на наредната седница.

„Се надевам дека колегите во иднина ќе ја преиспитаат нивната одлука дека ќе постапат конструктивно и разумно и дека активно ќе се вклучат во работата на советот на општина Охрид и ќе ја оправдаат довербата на сите оние гласачи кои што ги поддржале да работат во интерес на Охрид и охриѓани“.

На денешната седница беше донесена и предлог одлуката за надоместокот на трошоците на политичките партии и организаторите на изборните кампањи за Локалните избори.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top