Од билбордите кои сеуште ги има по градот, се добива ваков впечаток.
Билбордите поставени за време на локалните избори, сеуште не се отстранети. Кандидатите за градоначалник на Струга, можат да се видат насекаде по градот. Ограноците на струшките политичките партии по завршувањето на изборите заборавија на нивната обврска да ги отстранат плакатите од билбордите.
Вообичаено, многу малку од партиите во градот сериозно го прифатија договорот на кој се обврзаја дека по завршувањето на изборите сами ќе ги отстранат политичките плакати. Комуналните инспектори при општина Струга велат дека овој проблем е вообичаен кога се одржуваат избори.
„За ваквото не почитување на законските одредби, приватните лица или ограноците треба да платат високи казни. Глобата изнесува од 2 до 3 илјади евра“-вели Агни Даути, комунален инсектор.
Од таму уште еднаш ќе ги известат ограноците пред да преминат на изрекување казнат во висина од 50 евра. Даути апелира до сите политички партии кои имаат поставено плакати по градот, да ги отстранат во најбрз можен рок, додека на нивна адреса не пристигнала казна.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град