Наближува најубавиот период од годината кога сите сакаме да сме со најблиските, домот и фамилијата. Тоа се новогодшните и Божиќните празници кои со себе ја носат цела магија и празничен дух исполнет со позитивна енергија, домашна атмосфера, љубов, топлина и подароци. Една таква магија владее во домот на Гигерови кој и оваа година блесна во неповторлив новогодишен амбиент.
Новогодишна магија во дворот на Гигерови. И годинава семјното катче на брачниот пар Иванка и Бруно е како да живеете во вистинска бајка. Без разлика на годините, генерациите, начинот на живот и статус сите подеднакво се радуваме на моментите кога подаруваме и кога примаме подароци, а најмногу кога украсуваме за Нова Година, кој настан сам по себе ја носи магијата на среќата и празнувањето. Иванка Гигер, и годинава ја продолжува семејната традиција за новогодишно украсување на нејзиниот дом која ја започнала од Швајцарија. Заедно со нејзиниот сопруг Бруно, неуморно неколку дена изработуваат новогодишни украси кои умешно ги декорираат и плански ги поставуваат.
„За оваа година тоа ни беше најбрзо бидејќи веќе сме испраксирани, осум дена ни треба за китење, поставуање, струја и се. Прво ќе кажам дека имаме околу 140 фигури. На сијаличките не им го знам бројот, повеќето се донесени од Швајцарија, понекогаш носиме ние и децата, а најголем број ги имаме изработено јас и мојот сопруг, купуваме материјал и се што треба и од метал испаѓа најубавата фигура“.
Коментарите на Бруно Гигер за Охрид се секогаш позитивни, посебно поради Охридското Езеро и чистиот воздух. Тој со својата сопруга ужива во нивните новогодишни ремек дела и смета дека луѓето треба повеќе да ги посетуваат за да уживаат во новогодишниот амбиент.
„Тие луѓе што доаѓаат на сите им се допаѓа и оние кои не виделе и на телевизија изразуваат желба да дојдат да видат што имаме направено“.
Брачниот пар Гигерови секоја година се пријавуваат на конкурсот за најубаво украсени Новогодишни дворови, и неколку пати се и наградувани. Тие наградата ја даваат за хуманитарни цели. Инаку и годинава Општина Охрид објави Конкурс за најубаво украсен новогодишен двор или балкон, кој почна на 14 декември и ќе трае од 28 годинава. Заинтересираните граѓани сеуште можат да се пријават во просториите на Општина Охрид. Наградите се, прва, 10.000денари, втора, 6 000денари и трета, 4 000денари. Комисијата формирана од Градоначалникот ќе ги посети сите пријавени кандидати. Објавувањето на наградите ќе биде по новогодишните празници.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град