Охриѓани за Нова година ќе патуваат за Будва, Белград, Атина, Милано. Постои интерес и ексклузивните аранжмани како што се оние за Дубаи, Истанбул, Малта. Годинава голем интерес има и за индивидуални аранжмани креирани по желба на клиентите, кои што се однесуваат за сите светски метрополи откриваат туристичките работници од Охрид.
Добар дел од охриѓани за Нова година ќе патуваат надвор од својот град, главно во места од соседството и во земјите на поранешна Југославија. Јаким Маленко од ТА „Вис Пој“, вели дека аранжмани има многу, но сепак изборот се сведува на буџетот што го одвојуваат граѓаните кои сакаат да патуваат до посакуваната дестинација. Маленко открива кои дестинации се сигурно реализирани за дочекот на 2018 година.
„Најпродавани аранжмани со поаѓање од Охрид се Будва, Белград, Атина, Милано, тоа се организирани групни аранжмани и со пристапни цени со почетна цена од 3400 денари па нагоре. Оваа година имаме голем интерес и многу индивидуални аранжмани креирани по желба на клиентите и се однесуваат за сите светски метрополи како што се Венеција, Барселона, Рим, Париз и би ја издвоил големата заинтересираноста за Малта “
Голем интерес постои и за авионските аранжмани со поаѓање од Скопје, вели Маленко, дополнувајќи дека најпродавани биле за Дубаи, Истанбул. Зимските центри во Бугарија се атрактивни и многу барани од охриѓани не само за новогодишните празници туку и за зимски одмори, пренесува Маленко.
„Сепак на прво место за зимските одмори останува Бугарија, со Боровец и Банско, па Копаоник и Златибор како и дестинациите во Австрија, Италија и др. Сеуште без престан се бараат и спа центрите во Бугарија како што е Сандански, Велинград“
Годинава во споредба со лани поголем е интересот кај охриѓани да го напуштат родниот град и Новата година да ја прослават во, Милано, Виена, Истанбул, Будимпешта, Тирана, велат од ТА „Елида Турс“. И од оваа агенција информираа дека за нашите сограѓани популарни и барани се и дестинациите од поблиските земји како што се тоа градовите: Дубровник, Белград, Будва, Банско, Лутраки, Драч, Тирана.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град