Општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“ синоќа го одбележа својот патронен празник. Настапот на хорот на гимназијата и на оркестарот ја направи атмосферата во салата на Центарот за култура „Григор Прличев“ уште попразнична, а учениците од рецитаторската секција преку одбрани стихови ја пренесоа свети климентовата порака.
Свечено и достоинствено како што и доликува на една образовна институција како што е општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“ синоќа беше одбележан нивниот патронен празник. Центарот за култура „Григор Прличев“ беше исполнет со гости и посетители кои дојдоа за да направат чест и да ј проследат програмата која ја имаа подготвено гимназијалците под раководство на нивните професори. На свеченоста присуствуваше и градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски како и советници и претставници на локалната самоуправа и други институции. Свое обраќање пред присутните имаше директорката Весна Цветкоска. Таа рече дека е задоволна од многубројните успеси на учениците, но дека секогаш има простор за повеќе.
Предизвикот мој ќе биде да продолжиме со преставување на гимназијата во најдобро светло, но и да го вратиме сјајот кој што порано го имаше. Да бидат и колегите задоволни, но и учениците. Ќе се потрудиме да смениме нешто и во условите за работа и начинот на работа. Така да имаме позитивен повратен ефект од страна на сите, Весна Цветкоска, директорка на ОСУ Св. Климент Охридски.
Директорката објаснува дека репер за тоа колку гимназијата има континуитет во својот успех како образовна институција се и резултатите од полагањето матура кои се навистина солидни, но и интересот за запишување на учениците токму во ова средно училиште.
Ние досега сме немале некој поголем проблем со упис бидејќи сеуште некако гимназијава е предизвик за учениците така да секогаш уште во првиот уписен рок се пополнува бројот. Ако се јави некогаш намален број на ученици тоа е поради општиот тренд на намален наталитет, но ние како институција засега сме задоволни, вели директорката.
Во синоќешната свечена програма беа вклучени ученици од прва до четврта година. Настапот на хорот на гимназијата и на оркестарот ја направи атмосферата во салата уште попразнична, а учениците од рецитаторската секција преку одбрани стихови ја пренесоа светиклиментовата порака. Програмата на хорот и оркестарот беше шаренолика. Тие покажаа дека со успех ги изведуваат композициите од домашните автори, но и од странските. Награда за добрата изведба беше громогласниот аплауз на публиката која уживаше во секој настап.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град