Околу 20 дела на роднокрајни ликовни уметници, и годинава беа дел од традиционалната изложбата по повод одбележувањето на Св Климент Охридски, Патронот на градот. Оваа година поставени се слики во чест на основоположниците Јонче Симонче и Павле Георгиески Зуфа.
Неколку децении наназад Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид, ја организира традиционалната изложба на дела на роднокрајни ликовни уметници, по повод 8 ми декември, празникот на големиот светител и учител, Свети Климент Охридски. За изложбата говореше познатиот охридски академски сликар Славко Упевче.
„На изложбата учествуваат многу ликовни уметници, меѓу кои и еминентни имиња на македонски сликари кои оставиле свој белег во македонското современо сликарство, како Димче Коцо, Нико Този, Петар Мазев, Свето Манев, Стефан Нестор и редица други, а во таа чест за да ги споменеме нив како едни од основоположниците на оваа изложба порано организирана од друштвото на ликовни уметници Охрид, а сега од општина Охрид“.
Упевче истакна дека оваа година посебно значење на изложбата било посветено на основоположниците Јонче Симонче и Павле Георгиески Зуфа.
„Ова се слики кои уметниците ги носат секоја година, различни слики, од кои се гледа нивниот творечки опус. Тоа се сопственост на ликовните уметници на Охрид. На оваа изложба го прикажуваат оној дострел кој го постигнале во текот на овбаа година“
На синоќешното отварање на изложбата на родокрајните ликовни уметници, присутен беше и градоначалникот на Охрид, проф. Јован Стојаноски. Љубителите на уметноста имаат можност до 17 декември да уживаат во прекрасните ликовни дела од изложбата која е поставена во галеријата на НУ Центар за култура „Григор Прличев“.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град