Се изготвува план за зачувување на Белчишкото блато. Еколошкото друштво „Грашница“ од Охрид во рамки на проектот „Белчишко блато во нашите срца“ заедно со Општина Дебрца изготвија проект со кој не само што ќе се зчува блатото познато како Сини вирој, туку ќе стане и туристичка атракција за сите љубители на еко туризмот.
Започна изработката на планот за зачувување на Белчишкото блато. Ова блато попознато како Сини Вирој претставува редок и важен локалитет на национално и меѓународно ниво. Тоа е дел од националната Емералд мрежа на подрачја од посебен интерес за зачувување и е специфично заради големите карстни извори, различните типови влажни живеалишта и особено поплавените евлови шуми. Во овај резерват живее и најголемата популација на видрата.
Предвидуваме понатака активности кои би се однесувале на мониторинг на сите тие животни, на живеалишта кои се присутни таму, изградба на соодветна инфраструктура за посета на туристи, за развој на еко туризам во општина Дебрца, вели Ѓоко Зороски од ЕД „Грашница“.
Еколошкото друштво „Грашница“ од Охрид во рамки на проектот „Белчишко блато во нашите срца“ деновиве одржа работилница со локални чинители за изработка на план за зачувување на Белчишкото блато. Целта на работилницата била да се добијат сознанија преку специјално дизајниран прашалник за ставовите на месното население за идниот режим на заштита кој треба да го добие блатото како дел од европската мрежа на заштитени подрачја НАТУРА 2000.
Следна активност ќе биде поставување две информативни табли со податоци за блатото кои ќе бидат лоцирани во с. Ботун и с. Белчишта како и работилница за презентација и јавна дискусија за нацрт-планот за зачувување на Белчишкото Блато како и прогласување Ден на Белчишкото Блато, вели Зороски.
Инаку, за оваа втора фаза од проектот кој е
финансиран од CRESSIDA и Регионалниот центар за животна средина за Централна и Источна Европа, канцеларија во Скопје, издвоени се 4000евра. Овие средства засега се доволни за овие поситни активности. Пред да се пристапи кон главната проектна задача ќе биде аплицирано за добивање дополнителни средства за комплетирање на овој резерват кој е планирано да стане туристичка атракција.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град