Жените се повеќе се вклучуваат во политиката. Тие секаат активно да учествуваат во донесувањето на одлуки кои ќе бидат во интерес на сите.
Жените се повеќе се вклучуваат во политиката. Тие секаат активно да учествуваат во донесувањето на одлуки кои ќе бидат во интерес на сите.
ТВМ разговараше со советничка од НСДП во новиот градски совет ,Верица Хајба.
1. Дали сте почувствувале дека жените се дискриминирани кога станува збор за политиката?
На еден извесен начин сум почувствувала дека се дискриминирани. Тука малку вината лежи и во жените, затоа што не наоѓаат сила, храброст да бидат упорни, истрајни понаметливи за да се изборат за своето место во политиката.
2. Еве вие активно влегувате во политиката, од туристички работник сега ве гледаме и во друга функција. Што би им порачеле на сите кои сакаат да се вклучат во политиката?
Јас немам големо политичко искуство. Тазе сум влезена во политиката , но она што сакам да им го препорачам на сите жени е дека нетреба да се плашат. Жената има многу битна улога во општественото движење, како и во домаќинството.Значи ние као жени завземаме битен фактор во општеството. А за позитивни случувања треба политички работи. Мислам дека жаната не треба да се плаши од влегувања во тие политички води.
3. Мислите ли дека треба обука за жените повеќе да се вклучат во политиката или има друг проблем што тие не се доволно вклучени?
Потребно е и мала обука, мешутоа за масовно да се вклучат, жените треба да соберат храброст, смелост, сепак зависи од самите жени.
4.Може ли да направиме анализа за бројот на избрани советнички во новиот совет и анализа на кандидатските листи?
Јас за жал слабо ги познавам останатите колешки од другите политички партии. Не ги знам нивните карактери, од тоа што можев да го видам на прв поглед, мислам дека ќе има интегрирани дијалози од страна на жените ако не ме излжа првиот впечаток.
5. Вие сте туристички работник, а влегувате и во ново поле, навлегувате во политикта во голема мера. Дали тоа значи дека туризмот како гранка ќе има приоритет кога поставувате прашања или истакнувете проблем во советот на општина Охрид или за се ќе се залагате подеднакво?
Нормално за мене проиритет ќе има туризмот, Охрид е туристички град. Досега не се има слушнато некои советници да се изборат за одредени проблеми кои го мачат овој град од областа на туризмот. Јас ќе се потрудам колку ќе успејам незнам.
6.Советот на оопштина Охрид е составен од претставници од 5 политички партии и двајца независни советници. Сепак се наговестува дека се ќе биде црно и бело или лева и десна страна. Мислите ли дека политичките партии ќе си останат на своето или ќе се приклучат кон некоја од поголемите политички партии?
Интересен е составот меѓутоа мислам дека и покрај тоа што повеќе политички опции се навлезени бројките се многу интересно составени. Двете поголеми политички партии доминираат тука. Но и ние кои ќе имаме видна улога во конечните одлуки, затоа што сеак од нашиот глас ќе зависи донесувањето на одредена одлука.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град