Враќањето на поранешниот градоначалник Бакрачески на работа во Кардиолошкиот Завод топ тема во охридската јавност. Причината е неговото прераспределување на позиција раководител на одделението за срцеви аритмии во што дел од граѓаните препознаа деградирање и реваншизам затоа што предходно Д-р Бакрачески беше шеф на одделението за интервентна кардиологија и директор на заводот. Актуелната директорка на Заводот, др Гордана Донеска вели дека го распределила на единственото слободно раководно место во моментот и тоа не значи дека докторот нема или не смее да работи на интервентна кардиологија.
Екс градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески се врати на работа во Кардиолошкиот завод „Св. Стефан“ каде и претходно работеше. Поранешниот директор на оваа здравствена установа по завршувањето на градоначалничкиот мандат од актуелната директорка Гордана Донеска е поставен за раководител на одделението за срцеви артмии. Оваа информација дел од медиумите ја пренесоа како деградирање на Бакрачески на ниво на медицинска сестра затоа што на тоа одделение се вршеле кардиолошки прегледи. Дел од граѓаните оваа информација ја примија како реваншизам и загуба за здравството затоа што интервентен кардиохирург кому местото му е во операциона сала се поставува да врши прегледи. Откако имаше лавина коментари и реакции на социјалните мрежи се огласи со свое објаснување вд директорката Донеска. Во писмениот допис до ТВМ докторката вели дека никој во ниту еден момент не ја оспорил стручноста на Д-р Бакрачески ниту го деградирал или имал намера да го стори тоа. Бакрачески бил распределен како раководител на Одделот за аритмии, од единствена причина што во тој момент спрема постоечката систематизација на работни места во Заводот тоа било единствено слободно раководно место.
Поставувањето како Раководител на овој оддел не значи и забрана за докторот да работи во другите оддели меѓу кои и во одделот за интервентна кардиологија во која денес кога ги давал изјавите за порталите всушност и беше распределен и работеше. Д-р Бакрачески никогаш и не работел и не знае да работи во одделот за аритмии кој не се сложувам дека по хиерархија е на најнизок ранг од единствена причина што сите оддели во Заводот се со подеднаква важност и воопшто не може да стане збор за било каква хиерархија во рангирање на одделите .Дури можам да додадам како мој личен став дека е и еден од потешките оддели за работа во кој можат и во моментов работаат само неколку колеги од Заводот.
Во изјавата што доктор Бакрачески ја даде за Телевизија ТВМ вели дека нема да ги коментира одлуките на менаџментот на заводот и дека за него секое работно место во оваа институција е предизвик.
Јас како професионалец немам предрасуди да извршувам било какви професионални обврски на било која позиција во институцијата каде што работам. Сум се обучил за сите пракси кои се изведуваат во овој момент во Заводот, па и во делот на аритмии. Ништо не ми пречи, напротив сето тоа го работам со љубов и задоволство и тоа всушност треба да биде задача на секој еден добро обучен и комплетен клардиолог, вели Д-р Бакрачески.
Директорката Доневска пак вели дека е посебно горда на целиот стручен тим, од специјалисти интернисти, субспецијалисти кардиолози, од кои и самата е дел и дека сите тие придонесуваат за континуираниот развој на Заводот , да е препознатлив не само на територијата на Република Македонија, туку и во соседните земји.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град