Нов проект за заштита на природата

„Подобрување на управувањето со заштитените подрачја”, нов проект за заштита на природата. Овој проект е финансиран од УНДП, ЕУ, во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање. Во рамките на проектот предвидено е да се доделат 20 грандови за проекти од оваа област.

 |  Николоска Биљана  | 

Со проект на УНДП и ЕУ во висина од над 4 милиони евра ќе се подобрува управувањето со заштитените подрачја во Р Македонија и ќе се поттикнува одржливото искористување на природните ресурси. Инвестирањето во заштитата на природата носи економски придобивки за општините, а точно во таа насока е и овој проект истакна Анита Коџоман раководителот на програма за животна средина, на денешниот Информативен ден во Струга. Очекувањата се дека НВО и локалните заедници ќе прават партнерства кои ќе помогнат не само да се зачува природата туку истовремено да се генерираат средства за локалните заедници кои ќе гоподобрат животот во близина на заштитените подрачја, додава таа.

Во рамките на проектот ќе бидат доделени грантови на невладините организации и на Локалните самоуправи како и на управувачките тела на заштитените подрачја пред се на Националните паркови и другите заштитени подрачја кои имаат управуавчки тела. Се надеваме дека овие средства ќе придонесат навистина да се направи прогрес во оваа област која долго време беше запоставувана“.

Во имплементација на проектот „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја” партнер е и Министерството за животна средина и просторно планирање. Влатко Трпески раководител на секторот за природа при ова министерство итакна дека овој проект е поттик до сите, не само општините, да бидат креативни во своите идеи, а за најдобрите следува грант преку овој проект.

Охридското подрачје како и другите заштитени подрачја во Р Македонија и тоа како се репрезентативни, тое е поттик повеќ да ги мотивитраме пред се општините да аплицираат на прокти а тие проекти кои што ќе бидат најдоби преку таа грантова шема истите ќе ги финансираме

Проектите се поделени во две групи, големи подрачја кои што ќе се финансираат од 200 до 400 илјади евра и помали проекти на кои што ќе аплицираат од невладиниот сектор од 50 до 100 000 евра. Во оваа програма предвидено е да се доделат 20 грантови во наредниве 2 години кои ќе бидат искористени како за поразвиените и етаблирани заштитени подрачја, како НП „Галичица“, така и за помалку развиени заштитени подрачја, а предвидено е да се изградат и неколку мали пречистителни станици, со кои ќе се демострира нивниот потенцијал како евтино решение за справување со предизвците за заштита на животната средина, со кои се соочуваат многу локални заедници во близина на заштитени подрачја.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top