Единствениот препаратот во струшкиот Музеј Д-р „Никола Незлобински“, Васко Јолески исправен на патот да ја врати препараторската дејност во Македонија која што во моментов за жал е во изумирање.
Препараторската дејност во НУ Музеј „Д-р Никола Незлобински“ е замрена. Речиси 15 година под разни изговори оваа дејност како да е подзаборавена за ТВМ открива единствениот препаратор од оваа Установа, Васко Јолески, кој работи во Биолошкото одделение од музејот. Јолески со голем ентузијазам најавува дека подготвен е она што неколку години било прекинато да го возобнови, со цел струшкиот музеј повторно да стане туристичка атракција број еден како што тоа некогаш било во екс Југословенските простории.
„Еве сега со нови сили и кадри ви природно научниот музеј се надевам дека ќе прераснеме во препараторски центар, бидејќи во Скопје нема препаратори, Струга само јас останав вработен препаратор. Еве ова нека биде еден поттик кон помладите или кон оние кои што се заинтересирани за една таква дејност да ги мотивира да се обидат да најдат работа егзистенција ов музеите во Струга и Скопје“.
Јолески вели дека препараторството лесно се учи. Тој иако во моментов е единствениот препаратор, премногу е скромен, вели дека што повеќе навлегува во оваа вештина толку повеќе ја сака.
„Препараторствот е пред се занает и треба да се има голема волја и поддршка од тимот кој што го сочинува биолошкото одделение. За препарирање потребни се некои хемикалии прецизност и вештина се добива со тек на време, јас сум на самиот почеток и не можам да се пофалам дека сум еден од најдобрите“.
Уникатниот презентер на природното и културно наследство за регионот на Охридското Езеро, Музејот „Д-р Никола Незлобински“ изобилува со голема поставка на ендемични видови инсекти над 7000 од нашиов регион, како и над 1000 видови на водени и копнени животни. Дел од нив сеуште се своевидна атракција, како што е тоа телето со две глави, огромната пастрмка итн.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град