1 инкубатор за интензивна нега ќе му бидат донирани на Општата болница во Охрид

1 инкубатор за интензивна нега ќе и биде донирани на Општата болница во Охрид. Ова е одлука на  Владата која реши на 12 здравствени установи во државава да им бидат доделени 40 инкубатори за интензивна нега. Директорката на болницата вели дека со оваа донација ќе се осовремени гинеколошкото одделение во Охрид.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Општата болница во Охрид ќе добие 1 инкубатор за интензивна нега. Ова е одлука на Владата која на 34-та седница реши на 12 здравствени установи да им бидат доделени 40 инкубатори за интензивна нега. Инкубаторите ќе бидат наменети за гинеколошкото одделение кое се повеќе прераснува во регионално.
Состојбата во која што се наоѓа болницата гледано од финансиски аспект е таква што секоја донација е добредојдена. Ние располагаме со инкубатори, но секој понов модел нормално дека ќе има подобра примена и ќе си го најди своето место за подобрување на состојбата во нашето одделение, вели Славица Малеска Стојадиновиќ, директорката на Општа болница Охрид.
Директорката вели дека гинеколошкото оделение работи со полн капацитет. Оваа година се родени околу 300 бебиња од кои 50тина биле предвремено родени и имале потреба од инкубатор. Таа додава дека со новата опрема ќе им се олесни работата на докторите кои и онака се во многу мал број па тешко можат да се справат со сите предизвици. Моментално има четворица гинеколози што е премалку за обемот на работа која ја има на ова одделение. Проблемот со недостиг на кадар е случај и на други одделенија, објаснува Стојадиновиќ.
Има доктори кои се испратени на специјализација, но сеуште тој број е мал. Има одделенија кои воопшто не се предвидени за да се испратат кадри за специјализација. Тој процес е долг. Специјализацијата трае четири-пет години па се создава еден вакум додека добиеме кадри кои се соодветни, вели директорката.
Општата болница во Охрид полека, но сигурно прераснува во еден регионален центар каде се лекуваат граѓани и од други општини на западна Македонија. Затоа интенцијата на менаџерскиот тим е таа да се прошири како просторно така и кадровски. Моментално недостигот од стручен кадар се надополнува преку соработка со другите здравствени центри во регионов и во државава.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top