Охрид и понатака е без народна кујнa

Министерството за труд и социјална политика за ранливата категорија граѓани од Охрид сеуште нема отворено ваков објект.

 |  Валентина Нелоска  | 
tabla
табла

Вината од таму  ја насочуваат кон  општината затоа што досега не го подржувале проектот на Владата.

Ваквите обвинувања ги негира градоначалникот Александар Петрески. „ Во досегашните разговори со одговорните лица од ресорното министерство се  посочуваа локации кои воопшто не доаѓаат  во предвид да се прифатат категорично потенцира Петрески. Се посочуваа детската градинка  и угостителското училиште додава тој.

centar za socijalna rabotaНе држи идејата во образовни институции да се дели храна, или во центарот на градот каде што  во близина се наоѓаат  хотелите“ вели тој. Градоначалникот вели ја подржуваме идејата на министерството за труд и социјална политтика , но само доколку се избере соодветна  локација за таа намена. Тој ги посочува црквата Св. Ѓорѓија каде што има услови за тоа, но и народната кујна изградена од Никола Велјаноски , Бикчето.

Инаку досега Министертсвото за труд и социјална  политика, за граѓаните кои се во тешка социјална положба во земјава има отворено  34 народни кујни во кои со еден топол оброк се згрижени 3439 лица.
Во Охрид според направената сондажа потреба од ваков вид на социјална  грижа имаат околу 150 граѓани.   

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top