Прилепска Победа доби осумгодишна забрана за учество во натпреварите на Европската фудбалска федерација.
Прилепска Победа доби осумгодишна забрана за учество во натпреварите на Европската фудбалска федерација. Претседателот Забрчанец и фудбалерот Здравески, се казнети со доживотна забрана поради местење на натпревар. Дисциплинското тело на УЕФА одлуката ја донесе согласно Членот 5 на нејзиниот правилник кој ги регулира принципите на интегритетот и спортскиот однос на натпреварите.
УЕФА го истражуваше мечот од првата квалификациска рунда на Лигата на Шампионите одигран во јули 2004 година, меѓу Победа и Пјуник од Ерменија. Обвинението против поранешниот македонски првак било подигнато врз основа на извештаи добиени од обложувачки компании кои јавиле за нерегуларности при обложувањето на овој натпревар, но и врз основа на исказите на неколку сведоци. УЕФА соопшти дека одлуката била донесена по 7 часовно сослушување на претставниците на Победа и на обложувачки експерти. Директорот Ацуле Забрчанец и капитенот Николче Здравевски добија доживотна забрана да вршат било каква дејност поврзана со фудбалската игра, а
Победа до 2018 година нема право да учествува во натпреварувањата на оваа организација. Од УЕФА соопштија дека ќе бараат и од ФИФА да ја потврди казната, со што таа би имала ефект низ целиот свет. Победа и нејзините претставници имаат рок од три дена да поднесат жалба на одлуката. Ова е првпат во историјата на УЕФА да казни еден фудбалски клуб поради вмешаност во местење на натпревари.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град