По повод Светскиот Ден на храна, 16 октомври и Недела на борба против гладта (17-23 октомври), под мотото „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС” Црвен крст Охрид спроведува кампања за помоШ на најсиромаШните наши сограѓани.
По повод Светскиот Ден на храна, 16 октомври и Недела на борба против гладта (17-23 октомври), под мотото „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС” Црвен крст Охрид спроведува кампања за помоШ на најсиромаШните наши сограѓани.
Активностите се насочени кон прибирање на финансиски средства преку продажба на вредносни бонови и прибирање на доброволни прилози наменети за набавка на прехрамбени производи за подготовка на хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од Охрид.
Во текот на Неделата на борба против гладта од 17-23 октомври, во поголемите маркети во Охрид Ќе бидат поставени видно обележени корпи во кои хуманите сограЃани Ќе можат да ставаат-донираат прехрамбени производи.
Гладта е најекстремна форма на сиромаШтија каде поединецот или семејството не се во состојба да ги задоволат основните потреби за храна.
Иако храната е основното човеково право, сепак стотици милиони луЃе Ширум светот секојдневно гладуваат, а секои 3,6 секунди некој умира од глад.
Гладни и сиромаШни има и во наШата земја и во наШиот град.Сето ова е причина повеЌе, барем повремено да помислиме и да направиме неШто за оние на кои им треба подадена рака за будење на надеж дека не се сами, дека некој мисли на нив. Барем за миг да ја вратиме насмевката на нивните тажни лица.
Упатуваме апел до наШите сограЃани, фирми, институции, да се вклучат во хуманитарната собирна акција на Црвен крст Охрид, во Неделата на борба против гладта и дадат свој придонес, според можностите, во олеснувањето на секојдневието на социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебарца, стои во соопштението на О.О. на Црвениот крст од Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град