• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Статусот на град заштитен од УНЕСКО, не е само привилегија, туку и обврска за нас и и идните поколенија

Статусот на град заштитен од УНЕСКО, не е само привилегија, туку и обврска за нас и и идните поколенија

„Статусот на град заштитен од УНЕСКО, не е само привилегија, туку и обврска за нас и и идните поколенија максимално да се грижиме за нашето природно богатство“, истакна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата „За Живот во Македонија“ Јован Стојаноски.

 |   | 

Обезбедување услови за здрав живот за сите, тема на денешената прес конференција на кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ Јован Стојаноски. Тој истакна дека прва и најважна задача е зачувување на Охридското Езеро од неговите најголеми загадувачи.

„Токму затоа предвидуваме доизградба на и санација на колекторскиот систем. За таа цел добиваме и отворена и сигурна подршка од Владата на Република Македонија, која веќе засилено бара партнери кои би го реконструирале стариот колектор и истовремено би го заштитле од загадување, засега најчистиот и најживописен крајбрежен дел. Со санција и ревитализација на колекторскиот систем и доизградба на нова мрежа и пречистителни станици, би се подобрила неговата функционалност“ објасни Јован Стојаноски – кандидат за градоначалник СДСМ и Коалиција „За живот во Македонија“.

Стојаноски додаде дека реките се еден од најголемите загадувачи на Охридското езеро, па поради тоа предвидена е изработка на еколошка студија за пренасочување на реката Грашница во месноста Даљан и изградба на соодветна пречистителна станица.

„Ја враќаме реката Сатеска во старото корито, а предвидуваме и негова адаптација преку соодветни таложници во кои ќе се таложи геолошкиот нанос, со што ќе се намали негативното влијание врз реката Црн Дрим. Дополнително го пошумуваме пределот по текот на реката сатеска со цел да се намали геолошкиот нанос. Чисти реки значат чисто езеро. Се обврзавме постојано и навремено да ги чистиме депониите и каналите, да вложуваме во колекторски ситеми, пречистителни станици, регионални фабрики за третман на цврстиот комунален отпад и во енергетски ефикасни објекти“ додаде Јован Стојаноски – кандидат за градоначалник СДСМ и Коалиција „За живот во Македонија“.

Статусот на град заштитен од УНЕСКО, не е само привилегија, туку и обврска за нас и и идните поколенија максимално да се грижиме за нашето природно богатство“, истакна Стојаноски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top