• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Димоски: Најчест прекршок на кружните текови е непочитување на правото на првенство на минување

Димоски: Најчест прекршок на кружните текови е непочитување на правото на првенство на минување

Најчест прекршок на кружните текови е непочитување на правото на првенство на минување. Тоа го говорат анализите на општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата од Охрид. Исто така на кружните текови не ретко се прават прекршоци за неправилно престројување, недавање првенство и неправилен влез и излез од кружната раскрсница.

 |  Николоска Биљана  | 

Не е мал бројот на возачите што не ги познаваат доволно сообраќајните правила и прописи кои се однесуваат на крстосниците со кружен тек на сообраќајот. Општина Охрид последниве години постојано инвестира во изградба на кружни крстосници со цел да се подобри и модернизира патната инфраструктура во туристичкиот бисер и да се намали метежот, но не секој возач знае како правилно да влезе и да излезе од ваква раскрсница.
Кружните текови на почетокот беа новина за возачите и тогаш и се правеа повеќе прекршоци, но, со текот на времето бројот е значително намален, изјави Стефан Димовски, портпарол во СВР Охрид.

„Се регистрира непочитување на страната на држење и влез во кружната раскрсница исто така евидентирано е несоодветно преминување од надворешната во внатрешната страна на кружната крстосница и исто така несоодветно излегување од кружната крстосница. Овие забележнаи појави се евидентирани на сите кружни текови во градов“

Димоски не прецизира колку прекршоци во просек месечно, за време на туристичката сезона и годишно се прават на кружните раскрсници бидејќи, како што образложи, тие не се издвоени посебно од вкупниот број прекршоци.

Ние во изминатиот период во текот на јули и август немаме регистрирано сообраќајни незгоди кои што се случени на кружните крстосници. Сметам дека граѓаните имаат одреден степен на познавање на правилното и безбедно движење на кружен, но исто така сметам дека е корисно и потребно тие знаења постојано да се усовршуваат“

Димоски рече дека и ОСБСП го реализирал проектот „Како возиме на кружен“, за што била изготвена и видео анимација која на учесниците во сообраќајот ги потсетува на се она што треба да го знаат, односно дека сообраќајот се одвива кружно, во спротивна насока на стрелките на часовникот и на овие крстосници возачите посебно треба да внимаваат на намалување на брзината и нејзино приспособување за безбеден пристап и правилно престројување. Особено Димоски нагласи дека повеќето од возачите со преголема брзина влегуваат во кружен тек и се движат по инерција, а треба да пристапат со должно внимание, концентрација и посветеност во следењето и однесувањето во сообраќајот. За движење во кружен тек најважно правило е тоа дека возачот кој се движи во крстосницата има првенство во однос на возачите што се вклучуваат во неа.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top