Охриѓани свесни за потребата од храна од органско производство

Производите со органско потекло се квалитетни и безбедни намирници. Редовното конзумирање на органски производи придонесува за зачувување и подобрување на здравјето и спречување на појава на болести. Фармацевтската компанија „Зегин“, се погрижи и охриѓани да можат да користат органска храна која ја има во нивните специјализирани Healthy food продавници.

 |  Николоска Биљана  | 

Охриѓани се свесни за потребата од водење здрав живот и здрава исхрана, како и за користењето на храната од органско производство. Се поголем број на граѓани се свесни за поврзаноста на правилната и здрава исхрана и здравјето, како и за се поголемата застапеност на генетски модифицирана храна на пазарот па затоа се подготвени да бараат да купат здрави органски производи. ТВМ ги анкетираше охриѓани околу тоа дали знаат што е органска храна, кој е бенефитот од истата и каде може да се набави. Во Охрид, големата фармацевска компанија Зегин има специјализирани продавници каде може да се набави храна од органско производство, односно во Healthy food . Вработените во овие продавници несебично се залагаат на своите потрошувачи да им укажат на предностите и бенефитите на органските производи и како истите да ги препознаат и користат.

Органската храна е храна која се произведува и одгледува на здраво земјиште на кое не се употребувани хемиски средства и пестицидии. Земјиштето најмалку три години не треба да биде обработувано и третирано со хемиски пестициди. Превентивно делува на одредени болести, здрав начин на живот и стекнување на имунитет“.

Александра Климоска вели дека секој клиент заслужува посебно внимание и во зависност од возраста и здравствените проблемите кои ги имаат препорачуваат различни видови органска храна. За учениците таа препорачува да земаат дел од супер храните кои во моментов во нивната продавница биле и најбарани. Засега имаат солина побарувачка на органска храна, но сепак смета дека потребно е повеќе да се работи за подигање на јавната свест за користење на истата. Инаку она што секој од нас треба да го знае е дека органската храна е произведена на строго контролиран начин со цел да се заштити здравјето на луѓето и животната средина. Редовното конзумирање на органски производи придонесува за зачувување и подобрување на здравјето и спречување на појава на болести. Начинот на производство на органска храна е законски регулиран и редовно контролиран за да се обезбеди дека производите се безбедни и не содржат штетни материи. Со тоа тие се поздрави и имаат поголема нутритивна вредност. Органските производи се обележуваат со посебна ознака, во Македонија со сонце околу кое има зелена гранка а кај увезените од ЕУ лист составен од ѕвезди.

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top