Стефаноска: Образованието е клучен фактор за напредокот на градот Охрид

Тема на денешната пресс конференција на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата ЗА подобра Македонија, образованието и подобрувањето на условите за работа во образовните институции.Д-р Снежана Стефаноска-кандидат за советник од ВМРО ДПМНЕ, зборуваше за реализираните проекти и за проектите кои допрва треба да бидат остварени.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Образованието е клучен фактор за напредокот на градот Охрид. Знаењето е сила, знањето е моќ. Вложувањата во образованието се вложувања во иднината на нашите деца и нивно формирање како здрави личности, кои ќе бидат подготвени за современите предизвици на животот, истакна на денешната прес конференција кандидатот за советник од ВМРО ДПМНЕ, Д-р Снежана Стефаноска.
Изминатите 4 години покажавме максимална посветеност кон унапредувањето и развојот на образованието како и подобрување на образовната инфраструктура: реконструкција на училиштен објект ОУ „Григор Прличев“, реконструкција на објектот (фасада, столарија, олуци) ОУ „Бртаство Единство“ (Крст-Џамија и Лескајца), реконструкција на покрив во ОУ „Ванчо Николески“ – Лескоец, реконструкција на санитарни јазли и фасада во ОУ „Живко Чинго“-Велгошти, потенцира Стефаноска.
Стефаноска ги спомна и зафатите во ОУ „Кочо Рацин“ каде се направи покривот и санитарните јазли кои исто беа реконструирани и во средните училишта „Ванчо Питошески“ и „Св. Наум Охридски“. Зборуваше и за реконструкцијата на централниот објект на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ како и отворени градинки во Пештани, Лескоец, Велгошти, Црногорци. Додаде дека меѓу приоритетните проекти ќе биде реализацијата на проектот за реконструкција или доуредување на градинките, основните и средни училишта.
Проектот има за цел да ги подобри просторните услови во училиштата и градинките со што ќе се придонесе за обезбедување квалитетна настава и креирање можности за унапредување на воспитно-образовниот процес. Истото резултира со правилен психо-физички разввој на учениците и соодветно едукативно профилирање низ едукативниот процес, рече Стефаноска.
Меѓу предвидените активности се реконструкцијата на дограма, поткровје и опремување со мебел и реквизити на новиот дел од Гимназијата, реконструкција на училишната зграда на ОУ „Св. Климент Охридски“, на училиштето во Долно Коњско, во Елшани (покрив,

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top