Со вапцани јајца и јагнешко на домашната трпеза стружани ќе го Велигден.
Голем број верници постојано се упатуваат кон струшките православни храмови, негувајќи ја вековната традиција.
На Велики четврток, за здравје, во црква ги носат рано изутрината вапцаните јајца и алишта. На велики петок, пак со палење свеќи го одбележуваат денот кога Исус бил распнат.
Стружани потенцираат дека ова е еден од најголемите денови за целиот христијански свет, затоа што е празникот во кој се слави животот и од кој извираат љубовта и надежта.
Од домашната трпеза традиционално, и независно од цената, не изостанува јагнешкото месо. Некои го купиле уште пред месец дена, некои пак тоа го прават во последен миг. Велат- трпезата на Велигден мора да е полна.
И сопствениците на струшките месарници се задоволни од прометот- признават дека продавниците деновиве се полни- со месо, но и со купувачи.
Цeнтралната богослужба во Струга, традиционално, ќе се одржи во црквата Свети Ѓорѓија. Како и секоја година, така и утревечер, се очекува голем број верници да го исполнат овој храм.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град