Стојаноски: Охрид заслужува да биде најпосетена туристичка локација во светот

Денес кандидатот за градоначалник од СДСМ и коалицијата Јован Стојаноски на прес конференција најави мерки кои идната локална власт треба да ги спроведе за подобрување на туризмот во Охрид. Тој рече дека Охрид заслужува да биде најпосетената туристичка локација во светот, и нивната мисија била од Охрид да направат препознатлива и атрактивна дестинација која ќе биде бренд во туризмот.

 |  Николоска Биљана  | 

На Охрид потребни му се клучни стратешки промени кои ќе го одбележат туристичкиот развој на градот во чија лулка се распослани најзначајните културни, историски и природни богатства. Ова го порача кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата Јован Стојаноски, на денешната прес конференција која се одржа на кејот Македонија.

Во туристичката понуда ги додаваме здравствениот, спортскиот, wellness и incentive туризмот. Нашата цел е со воведувањето на новите стратешки насоки да го позиционираме Охрид како една од најпосакуваните дестинации на туристичкиот пазар. За таа цел го прошируваме и целниот пазар. Туризмот не значи само привлекување на гости. Со неговиот развој помагаме и на локалната економија. Работата со здравствениот туризам отвора нови работни места за доктори, медицински сестри, физиотерапевти и други здравствени работници, луѓе кои досега излезот го бараа во странство

Стојаноски рече дека никој не може да успее сам. Затоа во насока на сериозен пристап кон развој на туризмот предвидувале формирање на кластери, заеднички настапи на саеми, онлајн резервации и програми за одредени здравствено, алтернативни методи.

„Работиме и на incentive или конгресниот туризам. Од Охрид создаваме туристичка дестинација посакувана за одржување на работни собири, конференции, семинари. Охрид е традиционално туристички град кој поседува несомнена природна убавина, поволна клима, сигурност, долга традиција. Со сите овие поволности и со овој план, ја зголемуваме атрактивоста на градот

Сите мерки кои ги предлагаме водат кон зголемување на бројот на туристички ноќевања, економскиот развој, придонес за нови вработувања, подигнување на стандардот на локалните жители, и зголемување на траењето на туристичката сезон, вели Стојаноски. Додава дека од Охрид сакаат да создадат туристичка дестинација за сите.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top