Охрид сеуште без современа градска библиотека

Што се случи со изградбата на современа градска библиотека. И после три години од започнувањето на реализацијата на овој проект, градов сеуште е покус за вакво здание во кое љубителите на книгата ќе можат да читаат и да се едуцираат. Охриѓани се желни за современа градска библиотека. Чекаат надлежните да кажат што се прави на овој план.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Охрид, градот на Св. Климентовиот Универзитет, градот на словенската писменост сеуште без современа градска библиотека. Иако уште пред три години беше најавено преселување на библиотеката во просториите каде беше сместена НУ Фестивалот „Охридско лето“ тој проект не се реализира. Охриѓани со носталгија се сеќаваат на старата библиотека каде се собираа да прочитаат книга, весник или едноставно само да поразговараат. Тие се желни за еден современ простор каде книгата ќе им биде на дофат.

Инаку, уште во 2013та год. со одлука на тогашната Влада на РМ започнаа подготовките за проширување на НУ библиотека „Григор Прличев“кога просториите каде тогаш беше сместена НУ фестивал„Охридско лето“ и беа доделени на библиотеката на трајно користење без надомест. Беше распишан и тендер
на кој беше избран економски оператор односно фирма која даде најповолни услови и која од комисијата за јавни набавки во библиотеката беше избрана како најдобар понудувач. Фирмата требаше до почетокот на 2014та да отпочне со градежните работи и до крајот на годината да заврши со истите. Во просторот каде се наоѓаше „Охридско лето“ требаше да биде сместено детското одделение со читална за деца, а еден мал простор да биде прилагоден како игротека за деца. Во делот пак каде и сега се наоѓа библиотеката требаше да биде сместено одделението за возрасни читатели и администрацијата. Библиотеката беше замислена да е од од отворен тип па читателите да можат да ги разгледуваат книгите и самите да си одберат што ќе читаат. Што се случи со овој проект и каде застанаа работите никој не кажа. Ја побаравме ВД директорката на НУ библиотека „Григор Прличев“, Гордана Змејкоска која ни вети дека деновиве ќе не информира дали и кога ќе биде реализиран овој проект кој е многу значаен за нашиот град кој милуваме да го нарекуваме град на културата и книжевноста.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top