Во партиските штабови се кројат кандидатските листи

Професори, правници, доктори, економисти на кандидатските листи за новиот состав на советот на град Охрид. СДСМ со нови имиња ќе трча на локалните на 15 октомври. Од ВМРО ДПМНЕ не откриваат детали, но велат дека има и стари и нови имиња на листата. Вечерва на полноќ истекува рокот за поднесување на кандидатските листи за Локалните избори 2017.

 |  Николоска Биљана  | 

Во партиските штабови се кројат кандидатските листи. Рокот за поднесување на листите истекува вечерва на полноќ а според искуството од минатото партиите прават пазарења и во последен момент. Голем дел од имињата кои ќе влезат во трката за градоначалничко или советничко место се веќе познати.
Кандидатската листа на охридските социјалдемократи ќе ја предводи специјалистот по интерна медицина д-р Костантин Георгиески. На таа листа се најдоа и имињата на Живка Ангелоска, Мишел Силјаноски, Сашо Ставрески, Елеонора Куноска. Добри позиции на листата на СДСМ и поголема веројатност за влез во идниот состав на градскиот совет имаат кандидати од коалицијата. Филип Јовановски од ВМРО НП, ЛДП со Рената Арнаудова и Бесим Демиров од Сојузот на Еѓипќаните. На листата кандидати за советници го нема името на опозицискиот советник Дејан Блажески, на кој овој мандат му беше прв, а неговите настапи од говорница беа доста забележителни. Во краткиот телефонски разговор Блажески за ТВМ кажа: „Продолжувам да работам во интерес на граѓаните но од едно повисоко ниво“. Блажески не откри детали за која позиција ќе се бори.
За потсетување, СДСМ неодамна го објави својот избор за градоначалник на Охрид, професорот на ФТУ, Јован Стојаноски. Во соседна струга кандидат за градоначалник од СДСМ Васко ашталкоски, во Дебрца Зоран Ногачески и за Вевчани Сашо Јанкоски.
Кандидатската листа на советници на ВМРО ДПМНЕ за Охрид сеуште се крои. До доцна попладне сеуште траеше состанокот на Централниот комитет на оваа партија кој се одржува во Скопје, на кој ќе треба да се обелоденат и конечните кандидатски листи, како што ни изјави Кирил Пецаков претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Охрид. Пецаков, кој неофицијално е носител на советничката листа на ДПМНЕ за Охрид, не откри детали околу тоа кои имиња се во игра за локалната власт но кажа дека ќе има и стари и нови лица.
Инаку од ВМРО ДПМНЕ денеска и официјално беше потврдена кандидатурата на др Митко Тилевски за градоначалник на Охрид и Сеад Солаковски за Струга. Актуелните градоначалници на општините Дебрца и Вевчани Игор Трајковски и Цветомир Угриновски добија можност за уште еден мандат.
По доставувањето на листите, ОИК во рок од 48 часа од приемот на листата утврдува дали таа е поднесена во соодветниот рок и дали е составена во согласност со одредбите на Изборниот законик. Доколку се констатира некоја неправилност, поднесувачите имаат рок од 48 часа да ги отстранат неправилностите, а ОИК ги потврдува со решение.
Потврдените листи на кандидати ОИК треба да ги достави до Државната изборна комисија најдоцна до 16-ти септември заради утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати.
Според Роковникот за изборни дејствија, жрепката за редоследот на избирачкото ливче треба да се одржи на 18 септември.

 Кандидатска листа на СДСМ со коалиција за престојните Локалнио избори 2017
1. Константин Георгиески СДСМ
2. Живка Ангеловска СДСМ
3. Мишел Силјаноски СДСМ
4. Сашо Ставрески СДСМ
5. Елеонора Куноска СДСМ
6. Бесим Демиров Коалиција
7. Џенгис Реџеп Коалиција
8. Марија Попоска Коалиција
9. Филип Јованоски Коалиција
10. Рената Арнаудова Коалиција
11. Ристе Бу.лоски СДСМ
12. Ристе Николески СДСМ
13. Лидија Неданоска СДСМ
14. Ѓоко Стефаноски СДСМ
15 Атиџе Шемшедини Коалиција
16 Насер Ибраими Коалиција
17. Васко Иваноски Коалиција
18 Марија Миленковиќ СДСМ
19. Владимир Петрески СДСМ
20. Јованка Куциноска СДСМ
21. Кире Нически СДСМ
22. Маријан Иваноски СДСМ
23. Николина Божиноска СДСМ

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top