• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија отвори своја канцеларија во Охрид

Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија отвори своја канцеларија во Охрид

Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија отвори канцеларија во Охрид каде граѓаните од третото доба ќе можат да се собираат и да разменуваат мислења за различни теми од општественото живеење. Претседателот на охридскиот огранок, Веле Митаноски порача дека пензионерите не бараат само грижа, туку ги нудат своите сеуште присутни потенцијали за напредок на целокупното општество.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија отвори своја канцеларија во Охрид. Синоќа на отварањето присуствуваа голем број членови и симпатизери на партијата, граѓани, како и истакнати личности од јавниот и политичкиот живот. Присутните ги поздрави претседателот на Општинската организација, Веле Митаноски. Ова ќе биде канцеларија каде граѓаните од третото доба ќе можат да се собираат, да муабетат и да разменуваат свои ставови и мислења за различни теми од општественото живеење. Ова е прва канцеларија на оваа партија надвор од Скопје.
Охрид во многу работи е прв, па еве прв е и во организирањето на партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија, рече Илија Никовски-претседателот на ПОПГМ.
Примарниот фокус на делувањето на партијата на обединети пензионери е на оваа популација, но со своите програмски определби, е подеднакво отворена за сите граѓани, рече претседателот на ПОПГМ, генерал Илија Никовски.
Досега политичарите се занимаваа со проблемите на пензионерите, но без пензионерите. Ние дадовме до знаење дека треба да сме дел од политичката сцена во Македонија затоа имаме легитимно право бидејќи со нашиот минат труд имаме многу придонесено при формирањето на самостојна Македонија, рече генерал Илија Никовски претседателот на ПОПГМ.
Претседателот на охридскиот огранок, Веле Митаноски рече дека пензионерите не бараат само грижа, туку ги нудат своите сеуште присутни потенцијали, не само за унапредување на сопствениот статус, туку воопшто на условите за живот и работа на целокупното граѓанство.
Охрид е значаен за пензионерите од целата земја , поради своите убавини , можностите за здравствен туризам, со Кардиолошкиот центар, каде на пост – оперативно закрепнување и опоравување, доагаат главно пензионери од целата земјата, односно Специјалната болница за ортопедија и трауматологија “Свети Еразмо”, нагласи Митаноски.

На отварањето на канцеларијата беа заменик градоначалникот на Охрид М-р Ангел Јанев, потоа шефот на советничката група на СДСМ во Советот на општина Охрид и кандидат за градоначалник професор Д-р Јован Стојаноски, директорот на Управата за прашања на пензионерите при Министерсртвото за труд и социјална политика Вангел Динов. Инаку, засега има еден парламентарец во законодавниот дом од оваа партија. Пензионерите претендираат тој број во иднина да се зголеми по примерот на европските земји каде во парламентот има и по десетина пратеници од ваквите партии.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top