Охриѓани добија ново спортско игралиште

Охриѓани добија ново спортско игралиште. Тоа е во рамки на средното економско училиште „Св Кирил и Методиј“. Повеќенаменското игралиште за кошарка, ракомет и мал фудбал ќе биде место за спортување на сите граѓани, истакна градоначалникот Никола Бакрачески, кој синоќа и свечено го пушти во употреба со натпревар во кошарка со учениците.

 |  Николоска Биљана  | 

„Играј баскет со Локалната“. Синоќа во рамки на СОСУ „Св Кирил и Методиј “, на новото повеќенаменско игралиште, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и неговиот тим составен од директорите на ЈП, промовирајќи ги здравите животни навики преку спортот, свечено го пушти во употреба новото спортско катче во градов. Ова игралиште пред се на многумина ќе им ги врати убавите спомените од детството на местото каде некогаш спортувале, истакна градоначалникот Бакрачески.

„Реализиравме еден мошне добар проект кој што претставува континуитет на она што ние 4 години го инвестиравме во спортската инфраструктура со изградба на голем број спортски терени и игралишта. Токму овој терен претставува рекинкарнација на спомените од изгубениот градски полигон кој што знам дека буди убави спомени кај охриќани посебно кај оние од постарата генерација кој години и децении наназад другаруваа и спортуваа се рекреираа

Градоначалникот истакна дека преку изградба на спортски арени сакаат да го вратат спортскиот дух во градот така што децата наместо на компјутер да поминуваат по неколку часови да спортуваат.

Се надевам дека ова ќе биде поттик за нив да бидат повеќе надвор, тука на спортските терени а помалце да се врзани за електронските и технички помагала кои ги имаат дома.  Охрид моментално можам да кажам дека е меѓу градовите во земјава кои имаат најмногу спортски арени и најдобра спортска инфраструктура, подготвен да организира голем број настаби и маннифестации, а доказ за тоа беше и недамна завршениот фудбалски клан на фудбалската школа на Барселона

Повеќенаменското спортско игралиште ќе обезбеди одлични услови и за реализација на часовите по физичко образование во економското училиште, истакна Бакрачески. Инаку синоќа градоначалникот, дел од неговиот тим, директорите на јавните претпријатија и советници во Локалната самоуправа одиграа пријателски натпревар во кошарка со малдите од градов. Овој проект е реализиран со средства обезбедени од Агенцијата за млади и спорт, а Општина Охрид и јавните претпријатија учествуваа со логистичка и техничка поддршка.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top