• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Само со добра едукација и заедничка соработка до позитивни резултати во борбата со аутизмот

Само со добра едукација и заедничка соработка до позитивни резултати во борбата со аутизмот

Само со добра едукација и заедничка соработка до позитивни резултати во борбата со аутизмот. Родителите на децата со аутизам денес и утре имаат можност да се едуцираат за повеќе сегменти од оваа состојба. Бројот на родители на обуките денес беше многу мал што докажува дека аутизмот кај нас сеуште е табу тема.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Родителите на деца со аутизам имаат ретка можност да се едуцираат како да се однесуваат со своите најмили кои се во ваква состојба. Во рамки на проектот „Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство, дел од Еразмус + програмата на Националната агенција за европски образовни програми на Англија, денес и утре, во Охрид, во општинската зграда, се одржува петтата по ред бесплатна обука наменета за родители или членови на семејствата на деца, адолесценти и возрасни лица со аутизам. Но, иако овој проблем станува се поголем и поприсутен во државава, а и во нашава општина на денешната обукана која беа пријавени дваесетина родители, пристигнаа само десетина. Очигледно аутизмот сеуште е табу тема која тешко се прифаќа.

Најверојатно се работи за низок интерес и ниска свест во општеството, срам да не бидат видени од останатите луѓе. Инаку не гледам друга причина и не можам да го објаснам на друг начин нивното недоаѓање на оваа обука, вели проф. Д-р Владимир Трајковски, претседател на македонското здружение за аутизам.

Денес пред присутните зборуваше и Д-р Јасмина Трошанска која стави акцент на аутистичниот спектар на нарушување и Комуникацијата и нејзиното влијание врз однесувањето.

Иако првично беше предвидено обуките да траат пет дена ние одлучивме да ги намалиме на два бидејќи свесноста на родителите за посетување вакви обуки сеуште е мала. Се што родителите ќе научат на овие обуки и да применат ние ќе бидеме пресреќни бидејќи ќе осетат промени во нивниот квалитет на живот, вели Д-р Трошанска.

Целта на проектот е создавање на модел заснован на научни докази за едукација на родители на деца со аутизам кој ќе може да се користи во Европа. Искуствата од Англија со оваа состојба во која се наоѓаат лицата со аутизам, со присутните ја сподели проф. Д-р Дејвид Прис кој долги години се занимава со оваа проблематика.

Постојат проблеми. Дури и во Англија постојат проблеми. И таму родителите треба да се борат за одредени права во училиштата и институциите. ЗА мене е најважно учителите, докторите, психолозите, социјални работници и сите стручни лица, да разберат што е аутизам, зошто само тогаш ќе можат да им помогнат на родителите на деца со аутизам, вели проф. Д-р Дејвид Прис.

Утре, бесплатните обуки почнуваат во 9 часот. Се охрабруваат сите кои сакаат нешто повеќе да научат за аутизмот и како да им помогнат на своите најблиски да се справат со него да ги посетат.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top