• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Фокусот на Меѓународната заедница, односно на ЕУ и НАТО, повторно е ставен врз Македонија

Фокусот на Меѓународната заедница, односно на ЕУ и НАТО, повторно е ставен врз Македонија

Ова е добар моментум да се искористи влијанието на меѓународната заедница за затварање на голем број отворени прашања и да се забрза процесот на интеграција на земјава во ЕУ и НАТО.

 |   | 

НАТО и ЕУ ќе помагаат во градење на стабилноста на Западен Балкан. Ние сакаме даја видеме Македонија, како дел од Европската Унија но тоа зависи од самата земја, која треба да работи напорно и од останатите земји членки, беше истакнато на работилница која неодмана се одржа во Охрид, на тема „Соработката помеѓу НАТО и ЕУ во проектирањето на Стабилност за Западен Балкан“, што се одржува во Охрид.

„Македонија треба многу да работи, имаше големи падови но Македонија има многу паметни луге кои што знаат што сакаат, знаат да работат, се покажуваат истрајни и мислам дека добро ке се справат со проблемите но сепак треба дапродолжат да работат и веројатно ќе дојде до очекуваниот резултат“, вели Марк Леити претставник на НАТО од Американска амбасада.

Полека се затвораат отворените прашања. После договорот со Бугарија, позитивен напредок бележат и меѓуетничките односи воземјава, останува само прашањето соимето, сметаат дел од експертите.

„Јас мислам дека постои времената спогодба и таа може да се искористи како рамка да влеземе во НАТО под референцата Поранешна југословенска република Македонија. Мегутоа затоа секако ќе треба силен притисок од НАТО особено нашите пријатели САД за да се најде соодветно решение кое ќе ги задоволи двете страни“,вели Стојан Славески од Европскиот центар за безбедносни студии Маршал Центар.

„Вашата земја направи политичка одлука дастане дел од НАТО и ЕУ но и од другата страна е политичка одлука на 29 земјидали и како Макеоднија под кое име ке стане дел од Нато клубот“, вели Доктор Брук Смитвинзор од Нато колеџот во Рим.

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со бројни безбедносни закани како миграции и регрутација за тероризам. Влезот во НАТО е единствениот пат за заедничко надминување на сите безбедносни проблеми.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top