Дефицитот на кадар и натаму проблем во хотелско угостителскиот еснаф

Недостатокот на стручен кадар во хотелско угостителската дејност е проблем кој неколку години нанзад се провлекува не само во Охрид, туку и воопшто во земјава. Факултетот за туризам и угостителство подава рака за надминување на ваквата состојба. Деканот Цветко Андреески вели дека секоја година ги подобруваат условите за практична работа на нивните студенти.

 |  Николоска Биљана  | 

Хотелско угостителскиот еснаф подолг временски период се соочува со дефицит на кадар од различни профили. Но добар дел и од сопствениците кои вложуваат огромни средства во своите ресторани, хотели, туристички агенции, треба да вложуваат и во својот персонал и правилно да менаџираат со нивните стопански објекти, вели Деканот на ФТУ Цветко Андреески.

Ние гледаме колку што е во наша можност да им помогнеме на тие хотели, ресторани туристички агенции. Нашите студенти ги распределуваме на практична работа и тоа во оној период кога тие им се најпотребни и да бидат од корист и на хотелите но да работат и за сопствена корист да го усовршат нивното знаење и вештини што ќе им се бараат понатаму во текот на работата“.

Деканот Андреески пренесува дека често се случува добар дел од студентите кои ги праќаат во угостителските објекти веднаш да добијат понуда за вработување.

Има навистина недостаток на кадар и ние ги охрабруваме посериозно да ја изведуваат практичната настава, но и својата шанса за иден ангажман да го бараат таму. Некаде успеваме некаде не и секоја година ги подобруваме условите за реализација на практичната работа, но и за ангажман на дел од менаџерите од областите кои што се изучуваат на нашиов факултет да дојдат и да им одржат дел од предавањата тука како клиничка настава

Андреески вели дека дел од нивните студенти кои своето високо образование го завршиле на ФТУ Охрид веќе работат во угостителските објекти долж охридската ривиера, но и во земјава, и се докажани и барани експерти во нивниот професионален ангажман.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top