Половина од луѓето во Македонија имаат доход под 212 евра

Покажува анализата за доходовна нееднаквост што првпат ја објави Министерството за финансии

 |  инфодеск  | 

Во Македонија има висока стапка на нееднаквост меѓу граѓаните по основ на доход и постои тенденција на нејзин раст, покажува анализата за доходовна нееднаквост што за првпат ја објави Министерството за финансии врз основа на податоци од Управата за јавни приходи.

„Педесет oтсто од луѓето во Македонија што остваруваат доход имаат доход што е под 212 евра месечно, 70 oтсто имаат доход што е под 297 евра месечно, 90 oтсто имаат доход што е под 495 евра месечно, а од друга страна 2 oтсто од луѓето имаат доход што е над 1.044 евра, а еден процент од луѓето имаат доход што е над 1.523 евра“ – изјави Бранимир Јовановиќ, советник во кабинетот на министерот за финансии.

Тој посочи дека највисокиот доход што е остварен во 2016 година изнесувал 2,6 милиони евра, а 15 лица оствариле доход над еден милион евра. Доход над 500 илјади евра минатата година имале 66 лица, над 200 илјади евра доход оствариле 283 лица, а 775 лица имале доход повеќе од 100 илјади евра.

За високата доходовна нееднаквост укажува и податокот дека 775-те лица кои имале над 100 илјади евра доход заедно оствариле доход од 190 милиони евра што е еднакво на вкупниот остварен доход на 210 илјади лица кои имале најниски приходи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top