Ренџов: Наградата за мене е поклонение пред браќата Миладиновци

Наградата „Браќа Миладиновци“ претставува афирматор на македонската книжевност. Годинава таа заврши во рацете на истакнатиот македонски поет Михаил Ренџов за книгата „Јас.Елегии“ Ренцов истакна дека наградата ја чуствува како поклонение пред големите просветители браќата Миладиновци.

 |  Николоска Биљана  | 

Михаил Ренџов е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2017 за книгата „Јас. Елегии“. Од вкупно 38 изданија на Конкурскот распишан од СВП, членовите на жири комисијата се одлучија за делото на Ренџов по претходно направените критичко – аналитички согледби, изјави претседателот на комисијата Глигор Стојковски.

„Новата поетска објава на Ренџов изобилува со извонредни креативни решенија што успешно составуваат формално стилска синергија. Високата, строга и ригорозна парадигма се гради на сите нивоа што доведуваат до одлични резултати чиј идеал е софицистирана и рафинирана поезија која успева да се одржи на долги патеки како што е оваа река од сонети

Наградениот автор Михаил Ренџов, со многу силни емоции ја изрази својата благодарност кон искажаната доверба од страна на стручното жири. Тој во неговата изјава појасна зошто никогаш не е залудно да пишуваш и твориш. После 25 свои книги, денес на 25 август на 56тото издание на фестивалот СВП. Ренџов чуствувал привилегија што токму неговото издание „Јас. Елегии“ е наградено.

Искрено да ви кажам на овие години да се добие оваа награда прво е поклонение кон браќата Миладиновци, причината да ја напишам оваа книга беше прво поемата Тој, за која ја добив наградата на Прличев во 1993 год. Сега оваа награда ја прифаќам како голема признателност можеби за 25 книги, значи трудот не бил залуден“

Директорот на фестивалот Мите Стефоски истакна дека селекцијата на истакнатите поединци од културата кои што беа дел од жири комисијата за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“, коректно ја завршиле својата задача.

Сите 38 книги кои пристигнаа жири комисијата ги ценеше и се изразуваше согласно правилата. Нашето тежнение да биде регулирана наградата и правилата се со цел наградата да си го добие достоинството бвидејќи секогаш го привлекува интересот на јавноста“

Наградата Браќа Миладиновци која се доделува во рамки на светската манифестација СВП е многу важна за афирмацијата на македонската книжевност. Од СВП велат дека точно заради тоа, годинава одлучиле паричната награда да биде за 50% зголемена.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top