Француски професор предава на охридскиот факултет

Дел од новата програма за размена на професори и искуства од познати универзитети од Европа.

 |  Тања Кувенџиска  | 
Denis Parizo
Денис Паризо

Францускиот професор Денис Паризо еден месец ќе им држи настава на англиски јазик на дел од студентите од Факултетот за туризам и угостителство.  Неговиот ангажман е дел од новата програма која овозможува поголема мобилност на студенти и професори, а е подржана од Европската унија.

„Прв пат сум во Македонија како дел од оваа програма. Целта ни е да изградиме нова мастер- диплома на ниво на постдипломски студии“, вели Проф. Денис Паризо од Универзитетот во Ница- Франција.

Студентите со задоволство ги посетуваат предавањата на професор Паризо, чија обврска е на крајот од посетата да изврши оценување на нивните стекнати знаења.

„Ова е прекрасна можност да стекнеме нови знаења“, коментираат студентите.

FTONПрофесор Сашо Коруноски- Продекан на Факултетот за туризам и угостителство се надева дека во иднина,  размената на професори помеѓу нашата институција и универзитетите од европските земји ќе стане редовна пракса.

„За среќа Охрид и Факултетот за туризам и угостителство се привлечни за странските професори и студенти“ , вели Коруноски. „Па, така интересот за размена на со  нашиот факултет е голем“ . Веќе е најавена посета на група студенти од охридскиот факултет во Нови сад.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top