Мауцкер сеуште затрупан со градежен шут и друг вид отпад. Иако уште пред две години општината најави дека ќе се исчисти ова место, поради немање пари овој проект остана нереализиран. Директорот на ЈП „Охридски Комуналец“ вели дека чистењето на Мауцкер е влезено во нивниот годишен план за јавни набавки.
Депонијата на Мауцкер сеуште не е исчистена. Иако уште пред две години Секретарот на општината Димитар Спасески заедно со Зоран Рафтоски, раководителот на Секторот за подршка на градоначалникоти и тогашната директорка на ЈП „Комуналец“, Елена Скрческа на официјална пресс конференција најавија дека депонијата во најкраток рок ќе биде исчистена, на ова место две години подоцна можат да се забележат купишта шут и друг вид на отпад. Екипи од „Комуналец“ тогаш неколку недели го чистеа отпадот, но се откажаа бидејќи немаа ниту механизација ниту кадар за тоа. Трабаше да се распише јавен повик за изнаоѓање најповолна фирма која ќе се нафати да го исчисти Мауцкер, но тендерот пропадна. Новиот директор на ЈП Комуналец, Александар Китески вели дека ќе биде повторена постапката.
Согласно годишниот план за јавни набавки беше предвидена постапка за избор на фирма со механизација која што ќе биде ангажирана во зависност од средствата кои се планирани за таа намена. Таа ќе треба да врши претоварање на градежниот шут кој се наоѓа на Мауцкер и да го носи во депонијата на Буково, вели Александар Китески, директорот на ЈП „Комуналец“.
Според проценкитее на Мауцкер има огромни количини депониран комунален отпад и градежен шут во износ од околу 40.000 кубни метри , а за кој се потребни 500.000 евра за расчистување. Сега на оваа дива депонија се одлага само мала количина од 5 м кубни градежен шут за мал надоместок и тоа со амин на општината. Со тоа се спречува градежниот шут да заврши покрај патиштата и реките и други недозволени места, објаснуваат од ЈП Комуналец. Општината не е во можност да ги обезбеди сите средства за да се исчисти Мауцкер, па затоа ќе се исчисти само дел од оваа дива депонија.
Постапката е веќе пред потпишување на договор и во зависност од финансиските средства дел од комуналниот отпад што е на Мауцкер ќе го пренесеиме на депонијата во Буково, вели Китески.
Инаку, добро е познато дека на Мауцкер требаше да никне долгонајавуваната индустриска зона, но реализацијата на тој проект заглави поради неможноста да се исчисти депонија која таму со години наназад се создаваше.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град