Охридските советници и на крајот од мандатот покажаа дека сакаат бурни дискусии. Точката која беше дополнително ставена на дневен ред за Стратегијата за интеграција на бегалци и странци во РМ за период од 2017 до 2027год., им ги разбранува страстите. ЗА некои оваа точка воопшто не требаше да се најде пред градските избраници бидејќи тие не се овластени да дискутираат по неа, за други тоа е чиста хипокризија, а трети пак велат дека сега е вистинско време за дискусија на оваа тема.
На охридските советници очигледно иако се на крај на нивниот мандат сеуште не им недостасува енергија. На денешната 73та седница која воедно е и предпоследна во овој состав, три сати жестоко дискутираа само на една точка која не беше ниту предвидена во дневниот ред туку денес беше додадена на предлог од советничката група на ВМРО ДПМНЕ. Бурната дискусија се водеше за донесување или не на Заклучок за неприфаќање на нацрт стратегијата за интеграција на бегалци и странци во РМ за период од 2017 до 2027год. и акционен план произлезен од стратегијата донесена на Владата на РМ. Според советниците на СДСМ оваа точка воопшто не ни требаше да се најде на дневен ред бидејќи советот не е тело кое треба да дискутира на оваа тема, а имаа забелешка што точката се става на дневен ред во пет минути до дванаесет без
Во една парламентарно изградена демократија јасно се знае кои се чекорите на водење на една дискусија. Најпрво Владата носи Нацрт стратегијапа на неа следува јавна расправа во која може секој да учествува. После тоа следува парламентарна расправа во која вие преку вашата парламентарна група може да ги изнесе вашите ставови. Не можам да разберам зошто вака агресивно ни наметнувате точка на дневен ред за која треба да дискутираме а за која не не избрале граѓаните, вели советникот од СДСМ Јован Стојаноски.
Советникот од ВМРО НП Јоне Станкоски рече дека ваквиот начин на работа со ставање точки по кои не се надлежни да дискутираат ја покажува несериозноста на една институција како што е советот.
Денес популистички разговараме за состојби кои не засегаа и порано. Сега сте од другата страна , сте опозиција на централно ниво и можете гласно да зборувате, но треба да се држи континуитет во тоа. Без разлика дали нашата партија е на власт или не е треба да размислуваме со сопствени глави, рече Станкоски.
Дејан Блажески, советникот од ЛДП ставањето на оваа точка на дневен ред ја оцени како хипокризија бидејќи ваква стратегија за справување со бегалската криза имало и во времето на ВМРО ДПМНЕ.
До кога планирате да манипулирате со јавноста и со медиумите. Ова што денес го прават овде нема никаква обврзувачка моќ, немаат ниту право да го прават ова во Советот на Општина Охрид. Овие колеги кои денес ни се обраќаат се одговорни за хипокризија. Оваа нацрт стратегија е донесена во 2008-2012 од Владата на ВМРО ДПМНЕ, рече Блажески.
Со ставовите на опозиционерите во советот не се согласи советникот Ангел Јанев.
Доколку се донесе ваквата стратегија и доколку таа е облигаторна ќе мора локалните да ги прифатат или да не ги прифатат. Што тогаш. Што ќе правимне тогаш. Во стратегијата има неколку точки во кои се објаснува како РМ треба да се подготви за да ги прифати бегалците, а што ќе треба локлните самоуправи да ги направат. Тие се поврзани со домувањето, образованието, вработувањето, обуки, рече Јанев.
После повеќечасовна дискусија конечно се гласаше по точката. Не се прифати стратегијата за интеграција на бегалци и странци во РМ за период од 2017 до 2027год. Останатите точки од дневниот ред како што се Предлог Одлуката за усвојување на Елаборатот за проценка на штети од земјотрес настанати на подрачјето на општина Охрид на ден 03.07.2017 година, како и Предлог Одлуките за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во основните училишта во општина Охрид како и останатите 40 точки од дневниот ред беа изгласани.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град