Заев:Нашата земја не може без дијаспората

Агенцијата за иселеништво набрзо ќе добие нови раководни структури, најави премиерот Зоран Заев при неговата неодамнешна посета на Охрид. Новина е тоа што ќе има и министер за дијаспората, кој ќе се грижи за правата на нашите во земјите каде што работат.

 |  Николоска Биљана  | 

Новата Влада предводена од премиерот Зоран Заев, најавува политика која ќе биде поблиска за дијаспората. Тој истакна дека нашата земја не може без дијаспората и се надева оти еден дел од луѓето во дијаспората ќе се вратат назад во својата татковина. Премиерот Заев смета дека Агенцијата за иселеништво дали постоела или не, не си ја вршела својата функција.

„Агенцијата за иселеништво овие денови ќе добие свои нови раководни структури кои што мора да ја засилат комуникацијата и контактот со дијаспората на многу оперативен начин во интерес на дијаспората. Новината е тоа што сега имаме министер за дијаспора кој што треба дефинитивно да ги заокружи сите потреби на дијаспората кон својата земја која на сите ни лежи при срце

Во Владината програма прецизирани биле чекорите кои што ќе ги прави новата Влада за дијаспората, дециден е Заев. Тој спомна еден од нив кој според него е мошне значаен.

Дополнително посебни поволности за секоја инвестиција која што ќе дојде од нашата дијаспора, преку државна помош, преку посебни повластици и сл, заради тоа што ние веруваме дека дијаспората покрај тоа што многу и поага на Македонија преку девизните дознаки, пуштањето на пари на своите во нашата земја има и тоа како сериозен ресурс да вложи во Македонија. Тоа сакаме да го охрабриме со сите политики на Владата, едното е Агенцијата за иселеништво, другото е Министерот за дијаспората и трето економските политики кои што ќе постојат“.

Заев најави дека деновиве ќе биде објавено името на новиот директор на Агенцијата за иселеништво.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top