Полека згаснува бродската линија Охрид- Поградец

Ова лето не се реализирала ниту една тура за Поградец. Дали полека згаснува линијата Охрид Поградец која се воспостави пред две години. Од Охридската капетанија велат дека атрактивноста опаѓа, мал е бројот на патници кои сакаат да се возат за Поградец, па бродарите немаат економска оправданост да сообраќаат на оваа релација.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Полека згаснува бродската линија Охрид- Поградец. Ова лето не се реализирала ниту една тура, велат од Охридската капетанија. Со отварањето на граничниот премин кај Св. Наум сите бродови добија одобренија за воспоставување на меѓународен воден транспорт, информира Горан Устијансоки капетан на Капетанија на пристаништата-Охрид. Но интересот на патниците опаѓа.

Воспоставени се сите норми и принципи за минување на границата по воден пат. Донесено е од страна на МВР и царинска управа отварање привремен граничен премин што е пракса секоја година наназад. На барање на бродарите бродовите се проверуваат технички, но атрактивноста како да помина па секоја година интересот за оваа линија е се помал, вели Устијансоки.

Капетанот напоменува дека двегодишното искуството од возењето на бродската линија на ова релација покажа дека таа беше најатрактивна за странците, а помалку привлечна за охриѓани. Патувањето со брод од Охрид до Поградец со вклучени бирократски формалности трае два часа. Гранични проверки на патниците има кај Св. Наум и во Поградец ,а проверката на патниците на двете страни трае од 15 до 20 минути, вели Устијаноски. За бродарите не е исплатливо турите да ги реализираат со помал број патници од капацитетот на бродот.

Тоа е регулација на условите на пазарот, ако има патници ќе одат ако не не. Не може никого да го принудите да вози ако за него не е исплатливо. Сите го гледаат економскиот аспект и тоа од денешна гледна точка е исправно, вели Устијаноски.

Инаку, за две години со бродската линија Охрид – Поградец патувале околу 3000 патници. На оваа меѓународна линија дозвола за да пловат имаат четири охридки бродови три со капацитет од по 150 патници, а еден од 80 еднаш во неделата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top