„Охрид колинг“ по втор пат

Охрид нареднава недела ќе биде центарот на музичките збиднувања во регионов. Започнува Охрид колинг. На 1 и 2 август, на „Билјанини извори“ ќе настапат диџеите Афроџек и Хардвел и нивните специјални гости Равитез, Данте Клај и Кил д буз. Настанот кој со нетрпение го очекуваат сите љубители на екс ЈУ музиката е настапот на Бјело Дугме на 4ти август.

 |  Јаковлева Лионела  | 

„Охрид колинг“ по втор пат. Оваа манифестација која започна од лани полека, но сигурно се етаблира како една од најдобро организираните во Македонија, но и пошироко. Врвни музички имиња како Лени Кравиц, Продиџи се запишаа на страниците на овој фестивал. Годинава повторно светски познати музички ѕвезди ќе бидат дел од Охрид колинг. На 1 и 2 август, на „Билјанини извори“ ќе настапат диџеите Афроџек и Хардвел и нивните специјални гости Равитез, Данте Клај и Кил д буз. Локланата самоуправа во соработка со Авалон продукција успаеја и годинава да направат манифестација за која ќе се

На наше големо задоволство и оваа година продолживме со соработката со Авалон продукција и оваа година по нивна заслуга ќе имаме одлични светски познати имиња кои Охрид веќе го етаблираат на мапата на фестивалски градови и Охрид колинг прераснува во традиционален настан кој убеден сум дека од година во година ќе добива на квалитет на масовност и на популарност, вели Ѓоко Апостоловски, раководител на ТЛЕР.

Настанот кој со нетрпение го очекуваат сите љубители на екс ЈУ музиката е настапот на Бјело Дугме на 4ти август. После спектакуларниот концерт во Скопје на кој настапија фронтменот Горан Бреговиќ, Тифа и Ален Исламовиќ сега и охриѓани, а и многубројните гости кои ќе се затекнат или специјално ќе допатуваат за овој настан ќе имаат можност да уживаат во хитовите на оваа легендарна група.

Тргнавме со Лени Кравиц во Охрид. Кога го најавивме неговиот концерт дури и оние најблиските ни рекоа дека тоа не е можно, но докажавме дека можиме и дека не застануваме. Одиме напред и мислам дека Охрид за неколку години ќе го достигне она ниво за кое на Егзит му требаа десет години, вели Денис Илиоскиод Авалон продукција.

Од следната година фестивалот ќе се шири и ќе има и дисперзирани настани кои ќе се одржуваат на различни датуми не само околу 2ри август. Очекувањата на локалната се од година во година оваа музичка манифестација да прераснува во настан кој ќе е познат во Европа и пошироко.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top