Со групното скокање во водите на реката Црн Дрим во Струга беше означен почетокот на фестивалот „Наш фестивал”. организации, јавниот и приватниот сектор.
На еден типичен струшки начин со скокање во водите на реката Дрим од кејот помеѓу Дрвениот мост и Мостот на Поезијата во Струга започна реализацијата на проектот „Наш фестивал”. Програмата на фестивалот предвидува денски и вечерни настани. Настаните во текот на денот ќе се одржуваат во „Паркот на Поезијата“ каде ќе има изработка на мозаик, детско ликовно катче, фото катче, како и презентација на стари занаети. Вечерниот дел од програмата подразбира видео презентации, диџеј сетови, и музичка работилница.
„Самиот фестивал е прво издание се надеваме дека ќе прерасне во традиција, го крстивме некако симболично го нарековме „Наш фестивал на сите различни јазици, бидејќи сакаме да ги претставува сите заедници кои живеат не само во Струга туку и во РМ и во оваа утринска сесија имаме неколку работилници, детско катче, работилница за мозаици и мал саем на ракотворци кои работат тука во регионот“ објаснува Катерина Василеска од Локална агенција за развој од Струга.
Станува збор за дел од поголем проект кој три години се спроведува насловен како „Декада на припадност – Славење на различностите“,а финансиран од страна на Европската Унија кој се реализира со цел да придонесе во подобрување на меѓуетничките односи во југозападниот регион, преку зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации, јавниот и приватниот сектор. Малиот саем на ракотворци и стари занаети предизвика најголемо внимание. Во презентацијата на стари занаети кои се пред згаснување, до нешто ново и досега невидено можеа да уживаат посетителите.
„Тоа ми е стар занает уште од прадедоми дедо ми па и татко ми, јас го учев од дедо ми и татко ми, ова ми е семеен занает.Овој е еден од поновите занаети, рачна изработка се вика декупаж, техника со салфетки и се занимавам отприлика две години. Се работи за укоричување на книги со кожа и други материјали, рачно шиење на кожа и рачна резбана кожа“, велат Ариф, Биљана и Драган.
Проектот и фестивалот ги имплементираат Локална агенција за развој од Струга и Граѓанската организација „Креативни и активни“ од Струга. Фестивалот свечено беше отворен од страна на aмбасадорот на ЕУ г-дин Самуел Жбогар и градоначалникот на Струга г-дин Мустафа Забзун.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град