Дебрчани на референдум против изградба на депонија

Градоначалникот Игор Трајкоски, предлага да се распише референдум за изјаснување на граѓаните на општината по однос предложената локација за изградба на регионална инсталација за одлагање на отпад.

 |   | 

Да се распише референдум за изјаснување на граѓаните на општина Дебрца по однос предложената локација за изградба на регионална депонија за одлагање на цврст отпад, предлага Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајкоски.

„Ги повикувам советниците без разлика на политичката припадност да дадат целосна подршка за дадениот предлог и да донесат позитивна одлука за распишување на референдум. Воедно барам седницата за расправа да биде закажана по итна постапка согласно законот“ рече Игор Трајкоски – Градоначалник Општина Дебрца.

Жителите на Дебрца посебно револтирани од изјавите искажани на јавната расправа дека станува збор за неплодно земјиште, што тие категорично го дематираат. Велат, станува збор за плодно земјиште каде без наводнување расте трева до појас. Предупредуваат дека со изградба на депонијата ќе ги снема шумските плодови, а што е најважно сите оние повратници кои решиле да се вратат во Дебрца и да почнат да се занимаваат со сточарство и земјоделство, ќе заминат, објаснува Гоце Угриноски – претседател на МЗ село Годивје.

„Тие мислат дека кај нас има премногу малку луѓе и дека ќе наидат на мал отпор. Тие се лажат. Ќе наидат на премногу голем отпор. Ние ќе застаниме ако треба и по цена својот живо, ние ќе го браниме тоа и нема да дозволиме да се направи такво нешто“ потенцира Гоце Угриноски – претседател на МЗ село Годивје.

И од советот на општината се против евентуалната изградба на депонијата. Велат дека изградбата на ваков објект на територијата на нивната општина ќе предизвика еколошки штети и проблеми кои и идните генерации тешко дека ќе може да ги поправат.
„Во советот додека сум јас, тврдам дека таа идеја нема да помине“. Јас пошто сум голем љубител на природата и изградбата на регионална депонија ќе има несогледиви последици по животната средина. Ние сме по број на жители најмала општина од другите општини од регионов, а не е вистина и дека станува збор за еколошки загадена средина како што изјавија експертите. Ни цврсто ќе стоиме зад ставот да го браниме тоа“ најави Даниел Огненоски за претседател на Совет на општина Дебарца.

Евентуалната изградба на депонија на овој еколошки чист дел на југозападниот регион, ќе предизвика огромни штети и кога станува збор за дивечот, со кој изобилува Дебрца.

„Тој дел каде што се планира депонијата фактички е ловен терен, за кој ние плаќаме и концесија. Никој досега не контактирал дали би отстапиле дел од тој терен за кој секоја година плаќаме 3-4000 концесија“ објаснува Добре Чолески – концесионер ловиште „Питон“ Караорман.

За утре е најавен мирен протест на жителите на општината, на кој исто така ќе се расправа за идните чекори кои ќе бидат преземени во насока на решавање на овој проблем.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top