• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Струга
  • Јавна расправа за Интегриран систем за управување со цврст отпад за Југозападен плански регион

Јавна расправа за Интегриран систем за управување со цврст отпад за Југозападен плански регион

Утре во Општинска сала во охрид со почеток во 10 часот ќе се одржи Јавна расправа за „Студија за оцена на влијанието врз животната средина за Интегриран систем за управување со цврст отпад  за Југозападен плански регион: Охрид, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.

 |   | 

Цел на јавната расправа ќе биде конструктивна дискусија за влијанијата на Интегрираниот систем за управување со отпад врз животната средина. Граѓаните ќе имаат можност да поставуваат прашања и да добијат стручни одговори од страна на експертите, а исто така и да дознаат повеќе за предностите кои ги носи воспоставувањето на ваков вид системи за управување со отпад.

Јавната расправа е организирана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање на Р Македонија и Секторот за животна средина. Студијата е подготвена во рамките на проектот „Подготовка на потребни документи за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски регион.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top