Охридски музички надежи

Наградените ученици од музичкото училиште Методи Патчев на прием кај градоначалникот Петрески.

 |  Валентина Нелоска  | 
javen cas
јавен час

Наградените ученици од музичкото училиште Методи Патчев на прием кај градоначалникот Петрески.

Ангел Дулевски е еден од 15 –те ученици од музичкото училиште Методи Патчев, кои освоија награди на државниот  и двата меѓународни натпревари, а кои денес имаа средба со градоначалникот Петрески. Дулевски го изучува инструментот кларинет во класата на професор, Трајче Теменуговски. На државниот натпревар во Скопје освоил прва награда по солфеж и 3 по кларинет. Кажува дека никој од неговите не свири на музучки инструмент. Негов бил изборот д а го изучува кларинетот  затоа што му е омилен  инструмент  и секојдневно вежба по 2 часа.

Професорот по кларинет, Трајче Теменуговски е задоволен од освоените награди  по различни инструменти,  на 15 –те ученици од нивното  музичко училиште. И професорот Теменугов потенцира дека за овие успеси треба премногу работа и секојдневно вежбање.

uceniciВо Охрид има голем број талентирани ученици , а само мал  дел продолжуваат во средните музички училишта пред се заради финансиски  причини вели директорката на музичкото училиште „Методи Патчев“ , Нина Момироска. Отварањето на средно музчико училиште кое го најави градоначалникот Петрески ќе биде од голема важност за сите нас вели Момироска.
Денешнава средба со вас ми е најубавата честитка за вториот градоначалнички мандат, истакна на приемот со наградените ученици Петрески. Вие и понатака ќе ја имате подршката на локалната самоуправа за остравување на понатамошни успеси истакна тој на средбата.
15 –те ученици на 47-миот државен натпревар, кој се одржа во Скопје учениците од ОМУ “Методи Патче” освоија 7 први, 3 втори и 4 трети награди. Први награди освоија: Александар Лолески – флејта, Филип Гаврилоски – хармоника, Стефани Дудиќ, Петар Паскали, Миланка Новеска, Катерина Маркоска и Ангел Дулевски по солфеж. Втори награди освоија: Софија Паскали – флејта, Теодор Љушкоски – кларинет и Петар Кочоски – хармоника.
На меѓународните натпревари во Белград, на натпреварот по флејта Александар Лолески освои 1 награда и Мелани Момироска 2 награда.
Милеска Анастасија, пак  во Лесковац освои 1 награда по гитара.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top