Паника и оштетувања на објекти по силниот земјотрес

Земјата не престанува да се тресе во Охридскиот регион

 |  инфодеск  | 

Земјотрес со јачина од  5,1 степени по Рихтер го потресе Охрид околу 13.09 часот. Епицентарот беше на околу 5 километри од селото Косел, на длабочина од 10 километри.

Освен паника меѓу населението, земјотресот предизвика и оштетување на објекти кои се пријавени во ЦУК на бројот 195. Пријавени биле оштетувања на фасади, покриви, оџаци…Од ЦУК упатуваат апел до граѓаните да ја задржат присебноста за да не дојде до несакани последици.

Во текот на изминатите две недели земјата не престанува да се тресе во Охридскиот регион во кој имаше над 800 земјотреси.

По серијата земјотреси во Охрид денеска пристигнува екипа на Институтот за земјотресно инженерство – ИЗИС која ќе инсталира специјална опрема за испитување на тлото кое не престанува да се тресе.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top