„Off Road“ викендов во Охрид

Натпревар со природата, многу адреналин, возбуда и љубов е потребно за авантуристичкото возење во природа по тешко пристапни патишта. Викендов , втора година по ред, ќе се одржи „Оф Роуд“ во Охрид. Учесниците веќе пристигнуваат, а организаторите велат дека се е подготвено за незаборавната турнеја по Илинска планина.

 |  Николоска Биљана  | 

Викендов во Охрид „Оф Роуд“ авантура. Учесници од цела Европа престојниов викенд, односно 1 и 2 јули ќе бидат дел од незаборавната авантура по Илинска планина. Настанот е во организација на здружението „Off Road Ohrid“. Претседателот Александар Илоски пренесува дека изненадени биле од големиот одзив и интерес на љубителите на авантуристичкото возење во природа по тешко пристапни патишта и се очекува на настанот да има 350 учесници, 200 теренски Оф роад возила, 40 крос мотори и 20 четириточкаши.

„Нови сме во оваа работа, овој спорт во странство е познат, кај нас сега ние го промовираме. Сега сме околу 30 членови кои од срце сме заинтересирани и доволно е желбата и волјата средствата спонтано доаѓаат, засега од наши лични средства го поддржуваме и спонзорираме

Програмата предвидува дводневно патување од истражувачко, спортски, туристички карактер а целта е претставување и промовирање на природните убавини и традиционалните производи на Охридскиот регион, вели Илоски. Додава дека тука треба да се почуствува адреналинот.

„Се вози по екстремни услови по чист воздух со карактер на луѓе кои го сакаат тоа, се пронајдуваме сите во една убава дружба, за разлика од другите спортови овде проблемите на сите екипи се решаваат со меѓусебна помош, кога би се споредило со фудбал или некој друг натпревар каде што се појавува хулиганство овде се појавува хуманост и помагање едни на друго и во суштина тоа е едно уживање

Трасата за „Оф Роуд“ средбата е, Oхрид, Лакочереј, Сирула, Лешани, манастир Св. Илија, Плаќенска планина, Мазатар, Куратица, Расино, Вапила, Лакочереј, Лескоец, Охрид а кампувањето е во кампот “АС”, Струга. Турнејата ќе биде организирана според сите законски прописи како и со потребната логистика неопходна за нејзино успешно одржување во соработка со Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и СВР Охрид, Црвен Крст Охрид и Територијалната ПП од Охрид и Демир Хисар. Стартот е во сабота први јули со почеток во 09 часот од платото пред градското пристаниште откако претходно ќе се изврши технички прием на возилата и делењето на стартните броеви, а предвидено е учесниците да ги поздрави првиот човек на градот Никола Бакрачески. Во недела, втори јули, во атарот на селото Лакочереј, ќе се одржи трка со теренски возила.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top